Рубрика: Металство и машинство
Почетоци на нумеричкото управување
Автори: Горан Богданоски, Бедри Зија
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој напис ќе ве запознаеме со историскиот развој на нумеричкото управување, технологија која е широко распространета во машинската индустрија, притоа ќе ги изнесеме и главните придобивки и достигнувањата на нумеричкото управување.

Нумеричкото управување, или нумеричката контрола, е составен дел од автоматизацијата во индустриската технологија. Поимот нумеричка контрола се однесува на машини коишто оперираат преку апстрактно програмирани команди сместени во носител на информација. Нумеричката контрола најчесто се означува со NC или N/C (Numerical Control).
Развојот на нумеричката контрола почнал во првите денови на индустриската револуција. Уште во 1725 година, во Англија постоеле машини за плетење кои биле управувани со перфорирани ленти. Шарите на облеката биле плетени според зададениот шаблон на перфорираните ленти. Исто така, постоеле автоматизирани музички кутии кои биле многу популарни. Во 1863 година Хенри Форниукс (Henri Fourneaux) го патентирал првото автоматизирано пијано, кое работело со воздух што поминувал низ перфорирана ролна од хартија и преку пневматски уреди ги активирал типките од пијаното. Композицијата била задавана преку шаблонот на отвори на перфорираната ролна.
Потребата за масовно производство довела до развој и на металорезачките машини (стругови, глодалки, дупчалки, брусалки итн.). Во втората половина на 19. век се појавил широк опсег на специјални алати дизајнирани за изведување на металорезачки операции. Со време почнале да се користат механички, електрични, хидраулични и пневматски уреди за контрола на движењата, со што се направиле сериозни подобрувања во прецизноста на машините, така што се јавила и потреба за повисок степен на автоматско управување.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина