Рубрика: Енергетика
Алтернатива за складирање електрична енергија
Автор: Мирослав Китаноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Познато е дека складирањето на електрична енергија во поголем капацитет во основа е тежок процес. Ваквиот процес се карактеризира со загуби, бидејќи најчесто се врши конверзија на електричната енергија во друга форма, при повеќето случаи во механичка, и потоа истата се враќа во примарната електрична форма. Меѓутоа, SMES технологијата нуди складирање на енергијата во непроменета форма, што, пак, овозможува големи предности примарно во постигнатата ефикасност. Уредите за снимање на магнетна резонанца (MRI), кои обично се користат во медицинските установи, базирани се на примена на суперспроводен магнет. Откако истите се отстрануваат од нивната медицинска примена, постои можност за употреба на ваквите уреди за складирање енергија. Згора на сè, оваа технологија за складирање е и еколошка.

Складирањето на енергијата е важен процес. Притоа клучното прашање при изборот на типот на технологијата којашто ќе се користи во овој процес е вкупната ефикасност, времето на одѕив, и, секако, вредноста на самата инвестиција и оперирањето со истиот. SMES технологијата ги обезбедува условите за моќност, како и можноста за складирање на енергија без потреба од конверзија во друга форма.
Технологиите за енергетско складирање се стратешка и неопходна компонента за ефикасно искористување на обновливите енергетски извори и енергетската конзервација. Технологиите за складирање енергија може да се категоризираат по технолошки типови според следново:
- Електрични (кондензатори, SMES);
- Механички (ветерници, компресиран воздух);
- Електро-хемиски (батерии);
- Хемиски (горивни ќелии);
- Термални (испарување).
Електричната енергија може да се складира на поголем број начини, како што е електрицитетот во кондензаторот, хемиската енергија во акумулаторите и експлозивите, нуклеарната енергија во реакторот, кинетичката енергија во механичките системи и потенцијалната енергија во компресираните гасови. Енергијата се екстрахира од природните ресурси како јагленот, нафтата, природниот гас, хидрауличните централи, фузијата на атомски честички итн. Бидејќи не е можно да се генерализира најсовршениот метод за складирање на енергијата, мора да се дефинираат региони кои се погодни за конкретни форми на складирање енергија.

Клучни зборови:

MRI уред

MRI уред со единица за полнење и со систем за ладење со течен хелиум

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.