Рубрика: Енергетика
Горивни ќелии
Автор: Дарко Котевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


200kW PAFC произведена од UTC

Горивните ќелии произведуваат електрична енергија преку електрохемиски процес слично на стандардните батерии. Тие имаат висока електрична ефикасност што во комбинација со можноста за користење разновидни горива (водород, природен гас, бензин, алкохол) ги прави применливи во разни апликации: мини централи и когенеративни постројки, разни превозни средства, како замена за батерии итн.

Горивните ќелии (fuel cells) претставуваат сосема различен пристап кон производството на електрична енергија, во однос на традиционалните енергетски извори, бидејќи тие ја претвораат хемиската енергија на горивата директно во електрицитет. Првата горивна ќелија ја развил William Grove во 1839 година, но неможноста теоријата практично да се реализирапоради немање на соодветна технологија и материјали, прави овој изум да биде реализиран дури во педесеттите години од минатиот век, од страна на НАСА, за вселенските апликации. Всушност, оттогаш наваму поминаа веќе четири циклуси на обиди за комерцијализација на горивните ќелии, но секогаш дизајните пропаѓаат поради високата цена, ниската ефикасност и неконкурентноста во однос на тогашните евтини извори на енергија.

DAFC за напојување на лап-топ компјутер

Малкумина од производителите го продолжуваа развојот бидејќи тоа чинеше многу пари, а не ветуваше многу. Меѓутоа, денес работите се изменети: енергијата е скапа и недостига, животната средина е сѐ позагадена, ги снемува природните ресурси. Еколошката свест е сѐ поизразена и го свртува вниманието кон алтернативните (и старите подзаборавени) извори на енергија. Технолошкиоот напредок е брз и секојдневни нуди нови решенијаза нешто што сме мислеле дека дотогаш било неможно да се направи. Светскиот тренд за приватизација на електроенергетските постројки и либерализацијата на пазарите за електрична енергија исто така допринесува за интензивниот развој на DER (Distributed Energy Resources) секторот – мали распределени извори на електрична енергија во кои спаѓаат и горивните ќелии. Петтиот циклус е во тек и овој пат извесна е комерцијализацијата на горивните ќелии, бидејќи на пазарот два производители веќе имаат пласирано 200 и 250kW-ни единици наменети за стационарно производство на електрична енергија за индустриски, резиденцијални или деловни корисници. Па затоа, во овој напис накратко ќе се запознаеме со принципот на работа, со видовите на горивни ќелии , нивната примена, како и со перспективите на оваа технологија.

Клучни зборови:
200kW PAFC произведена од UTC

200kW PAFC произведена од UTC

DAFC за напојување на лап-топ компјутер

DAFC за напојување на лап-топ компјутер

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.