Рубрика: Енергетика
Енергетска ефикасност (4)
Автор: Мирослав Китаноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатото продолжение беа разгледани системи за ладење, греење и вентилација и беа посочени повеќе мерки за зголемување на нивната ефикасност. Продолжуваме со системите за загревање вода и ја отвораме клучната проблематика – заштеда на електрична енергија.

Кај индустриските потрошувачи на електрична енергија, освен што се наплатува потрошената активна електрична енергија (мерена во kWh), во сметката свој удел имаат и прекумерно преземената реактивна електрична енергија (мерена во kVArh) и активната моќност (или ангажирана активна моќност, мерена во kW). Согласно со Законот за енергетика на нашата земја, кај домаќинствата и кај помалите индустриски потрошувачи на напонско ниво од 0,4 kV (380/220 V), активната моќност се пресметува на тој начин што вредноста на потрошената активна електрична енергија се зголемува за 33,33% за секој потрошувач.
Доколку технолошкиот процес на производната постројка или сервисните услуги на претпријатието овозможуваат промена на динамиката на пуштање и работење на потрошувачите, тогаш реално постои можност за намалување на трошоците за користење на електрична енергија и ангажирана моќност што се плаќа на дистрибутивната компанија – снабдувач на електрична енергија. Намалувањето на трошоците на постојната мрежа може да се спроведе со намалување на ангажираната активна моќност и со компензација на реактивната енергија.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.