Рубрика: Енергетика
Геотермална енергија и топлински пумпи
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 8-9/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сведоци сме дека светот полека но сигурно навлегува во фаза кога енергијата е сè поскапоцена и добива сè повисоки цени. Најголем дел од енергијата што денес се користи во светски рамки потекнува од фосилни горива(нафта, природен гас и јаглен). Но, дали е тоа единствената енергија што ни стои на располагање? Дали постојат алтернативни извори на енергија кои ќе бидат поевтини а истовремено ќе ги задоволуваат светските еколошки стандарди? Сончевата енергија и енергијата на ветерот се познати алтернативни извори на енергија. Но, во поново време станува актуелно искористувањето на геотермалната енергија, која за волја на вистината, во светот веќе подолго време се искористува.

Како што веќе рековме, земјата на одредена длабочина има релативно константна температура во текот на целата година, па според тоа претставува постојан топлински извор (или понор ако се врши ладење). Имено, земјата апсорбира околу 47 % од енергијата која ја зрачи сонцето. Во текот на процесот на затоплување, флуидот струи низ системот испорачувајќи ја одземената топлина од земјата на околниот простор. Геотермалната енергија се трансформира во геотер-малната пумпа. При процесот на ладење, системот функционира обратно. Бидејќи земјата е поладна од надворешната температура на воздухот, геотермалниот систем ја одзема топли-ната од воздухот во просторијата и ја пренесува на земјата. Флуидот се лади, поради пониската температура на земјата и повторно се враќа во системот. Всушност, процесот е ист како и кај клима-уредите, за што можевте подетално да прочитате во ЕМИТЕР бр. 6/06. Нешто повеќе за принципот на работа на геотермалните пумпи, како и за нивната конструкција, имавте можност да прочитате во ЕМИТЕР бр. 11/03 и 12/03.

Клучни зборови:

Отворен систем вода – вода

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.