Рубрика: Информатика
Тест: Таблет Privileg MID8
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Минатиот месец во понудата на ЕмиМедиа го забележав 8-инчниот таблет за неверојатно привлечна цена од само 7999 денари. Уште во првиот момент бев заинтригирна за можностите на овој уред, па преку нашиот маркетинг оддел истиот го побаравме за тест. Ова се впечатоците од двонеделната проба на уредот.

Најнапред да кажеме збор-два општо за таблет-уредите. Изгледот ги прави овие уреди единствени во споредба со другите преносни компјутерски уреди. Неопходниот отворен екран чувствителен на допир и неговата добра резолуција на сопственикот му обезбедуваат квалитетно гледање на слики, филмови, преглед на документи, па дури и играње игри. Тука е и преносливоста која зависи од димензиите на уредот – колку е поголем екранот, толку повеќе ќе тежи уредот. За таблетот да биде исплатлив, мора да биде лесен за употреба. Некои уреди вклучуваат вграден сталак кој овозможува лесно гледање. Други доаѓаат со дигитално пенкало за лесна навигација, што е мошне корисно, особено ако не сакате да ги користите прстите цело време. Но, најважно, уредот мора да биде доволно едноставен за користење така што дури и таблет-почетник нема да има никакви проблеми. Важна карактеристика секако е и цената која зависи од карактеристиките на самиот уред, но и од призводителот. Но, за тоа кои спецификации се подобри и кој оперативен систем нуди повеќе ќе проговориме во некој од наредните броеви, додека сега ќе ги изложиме предностите и карактеристиките на уредот кој го тестиравме.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.