Емитер 3/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
При купувањето на компјутер, соочени сте со две опции: десктоп компјутер или лаптоп. За која од опциите ќе се решите, најмногу зависи од вашите потреби и, се разбира, од вашиот буџет. Во овој напис се обидуваме да ви ги олесниме маките околу изборот накратко претставувајќи ги клучните предности и недостатоци на секоја од овие две опции во однос на нивнот хардвер и перформансите.
Па, да започнеме.
За да нема недоразбирање, да ги разгледаме најнапред дефинициите за овие два исти, но истовремено и толку различни уреди.
Десктоп компјутерот е оној уред кој ќе најде место на масата или на работното биро во вашата канцеларија, или, пак, во вашата дневна, детска или спална соба. Тој се состои од неколку засебни делови – куќиште, кое ги содржи "мозокот" на PC-то во вид на процесор, потоа матичната плоча, хард дискот и уште некои хардверски делови, тука се и слотовите за DVD/CD/BluRay режач и/или читач, како и влезовите и излезите за еден куп други приклучоци кои се неопходни за работа. Со куќиштето нормално ви требаат и најмалку по еден и од следниве предмети: монитор, тастатура и глувче :-).
Од друга страна, лаптоп компјутерот претставува сè-во-едно уред, чија најосновна одлика е преносливоста. Можете да го носите со себе од соба в соба, да го пренесувате на разни места низ домот и да го користите секаде каде што ќе оцените дека е згодно "гнездо" за работа или игра, да го шетате од канцеларија во канцеларија додека сте на работа, и, конечно, да го понесете со себе на некое приватно или службено патување, па дури и да го користите за време на самото патување, на пример, во воз. Лаптопите се напојуваат од вградена батерија која може да поддржи работа во траење од час и половина, па сè до четири часа, во зависност од видот на програмите кои ги користите. Лаптоп компјутерите имаат вграден монитор, вградена тастатурата и вградено глувче, наречено тачпад (touchpad) или трекпад (trackpad).
Сега кога ги расчистивме основите, можеме да преминеме во разгледување на другите одлики на секој од овие уреди.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.