Емитер 9/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Многу корисници на компјутери сами ги инсталираат своите компјутерски компоненти и притоа се јавува недоволно оштетување на системот. Право на секој сопственик на еден PC е да го уништи, а освен тоа и ваквото однесување е очекувано од производителот, доставувачот, особено од сервисерите чиј живот "цвета" од корисниците кои упорно "правилно" го вградуваат својот хардвер и софтвер. Инспириран од оваа важна тематика се решив на вас, PC корисниците, да ви ги објаснам најчестите начини со кои вие можете да предизвикате вашата машина да престане да работи. Следете ги овие упатства внимателно и ќе се уверите дека за неколку часа ќе се најдете во некој од сервисните центри низ Републикава.
Како прво, пред вас ке се појават неколку шрафчиња кои многу лесно можат да бидат отстранети со 6mm крстач, но со користење на обичен шрафцигер, особено некој преголем, ги зголемувате шансите шрафцигерот да ви се лизне и да се удри во една од компјутерските компоненти. Овде дури и како бонус можете да си предизвикате и физичка повреда, но да не “забегуваме”, целта е да се уништи машината а не самите себеси. Кога го отворате самото куќиште погрижете се да ги одвртите сите шрафчиња од задниот дел, значи не само оние од страните, туку и оние во центарот. Ова, со малку среќа, ќе го ослободи целосно напојувањето што ќе предизвика тоа да падне врз сите делови во внатрешноста на вашиот PC, предизвикувајќи сериозна штета уште пред да го отворите куќиштето. Можете да се обидете и да не одвртите целосно некој од шрафовите по краевите на куќиштето и потоа да тегнете со цела сила за да го отворите куќиштето. Ова ќе уништи дел од навојот на завртката, меѓутоа ова лесно се поправа, а е и многу евтино. Јас сум уверен дека вие можете нешто подобро...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.