Астрономија и астронаутика

По повод 35-годишнината од првото спуштање на Нил Армстронг на Месечината, повторно се намножија написите во кои се пропагира глупоста дека тоа е една голема лага и дека досега ниту еден човек не стапнал на Месечината. Наводно, прошетките на космонаутите на Месечината биле снимени во филмски студија на Земјата!!!


Електроника

Модерната технологија последниве десетина години овозможи едноставна изработка на автомобилски аудиозасилувачи со големи моќности. Заслугата за тоа е кај модерните интегрирани аудиозасилувачи кои работат во H класа, чијашто главна одлика е зголемување на напонот на напојување при појава на зголемен влезен сигнал.


Електроника

Со новиот закон за безбедност во сообраќајот, во кој спаѓа и задолжителното вклучено кратко (соборено) светло (не позиција), возачите поради сè уште нестекнатата навика на некој начин се наоѓаат помеѓу чеканот и наковалната. Ако не ги вклучат кратките светла - следува казна, а ако по возењето ги заборават вклучени, што многу често се случува, акумулаторот се празни. Токму тогаш, според "Марфиевиот" закон, обично сме во големо брзање и уморни, а возилото не може да се користи.


Информатика

Многу корисници на компјутери сами ги инсталираат своите компјутерски компоненти и притоа се јавува недоволно оштетување на системот. Право на секој сопственик на еден PC е да го уништи, а освен тоа и ваквото однесување е очекувано од производителот, доставувачот, особено од сервисерите чиј живот "цвета" од корисниците кои упорно "правилно" го вградуваат својот хардвер и софтвер.


Астрономија и астронаутика

Деновиве НАСА лансира кон планетата Меркур вселенско летало наречено "Гласник" (Messenger), кое треба да разреши неколку мистерии на оваа т.н."планета од железо", поврзани со процесите при раѓањето на нашиот, како и другите соларни системи. Името на вселенското летало "Гласник" е избрано да асоцира на должноста на Меркур (во митологијата) - тој бил гласник на боговите.


Телекомуникации

Телетекст - сервис кој функционира како електронски весник не може да се рангира како некој генијален пронајдок. За него повеќе би рекле како добро осмислен потег во рационално поврзување на можности и интереси. Научете како телетекст сервисот функционира.


Информатика

Во овој текст ќе објаснам што се тројанци, нивниот начин на работа, како да ги откриете и отстраните од вашиот компјутер. Исто така ќе научите и каде може да се најдат овие програми, како може да се заразите, каде да најдете програми за нивно отстранување и бришење.


Електроника

Од пред два месеци во сила стапија новите сообраќајни прописи, кои, меѓу другото, ги обврзуваат возачите да имаат вклучени соборени светла на автомобилот додека се движи и тоа во текот на целиот ден. Се разбира дека секоја промена од старото тешко се прифаќа меѓу нас, што значи дека поголем дел од нас забораваат да ги вклучат светлата. Секако, тука се полицајците кои не предупредуваат на ова, а некој од возачите "заработува" и казна поради тоа.


Електроника

Триодниот тиристор е четирислоен полупроводнички елемент со три електроди: анода, катода и управувачка електрода - гејт. Во поширока смисла, тиристорот е бистабилен прекинувач со регенеративен премин од непроводна во проводна состојба и обратно. Најчесто се користи во кола со наизменична струја како насочувач со контролирачки агол на водење, па се сретнува и под името SCR (Silicon Controled Rectifier - силициумски контролиран насочувач).


Автомобилска техника

Дали веќе на почетокот на ова столетие ќе бидеме сведоци на една помасовна застапеност на автомобилите кои како погонско гориво го користат медиумот без кој човекот не може да живее повеќе од две-три минути? Или сето тоа ќе остане само забележано во историјата како еден генијален и храбар проект, но пласиран во погрешно време? Како и секогаш, останува времето да покаже.


Аеронаутика

Заостанувањето на кинеското Воено воздухопловство со современи авиони во однос на големите светски сили, ја примора Кинеската влада да преземе одлучен чекор за развој и создавање на сопствени современи борбени авиони, кои ќе ги задоволат потребите на воено воздухопловство на Кина, но и со кои ќе можат да доминираат врз светскиот пазар на современи борбени авиони.


Информатика

Корисничките привилегии се едни од најнесфатените и најпогрешно употребувани концепти кај UNIX базираните системи, но тие се изненадувачко лесни за употреба. Со помош на некои команди ќе ви ги објаснам основните принципи на задавање на кориснички привилегии врз датотеки или директориуми, кои се надевам ќе се вклопат во вашите потреби.


Аудио и видеотехника

Во Македонија се појави една нова аудиофирма, која не може да остане незабележана, благодарејќи на ниските цени, интересниот дизајн и, за некои модели, луксузниот финиш. Станува збор за кинеската фирма CAV, која сака да се пробие на пробирливиот американски и европски пазар на звучници.


Информатика

Интернетот е нешто без кое луѓето во западните земји не можат да си го замислат секојдневието. Кај нас тоа не е така. Иако во поглед на користењето на Интернетот се наоѓаме многу назад од западните земји, сепак не ни е овозможен којзнае каков развиток за да се подобри нешто во врска со тоа. Со овие цени на телефонските импулси, Интернетот станува луксуз за секој од нас.


Телекомуникации

Како да не е доволно тоа што нашите електронски сандачиња се жртви на спам напади, како и тоа што разни вируси постојано претставуваат потенцијална опасност за нашите компјутери и оттука секое електронско писмо го отвораме со несигурност, сега опасноста се проширува и на полето на нашите "џебни миленичиња" - мобилните телефони.


Информатика

Пред неколку дена бев присутен на една неформална дебата помеѓу студенти по информатика, а темата им беше Linux или Windows. Веќе нашироко позната дебата, можеби и понекогаш напорна, кога се разговара претенциозно. Веќе видено. Она што мене ме фрапира, како набљудувач од страна, беше констатацијата на повеќето студенти: "Linux е слободен софтвер и нема иднина зашто не може да се заработува на него, а под Windows не може да има слободен софтвер зашто бил лиценциран".


Автомобилска техника

На прв поглед малку изненадувачка е идејата на Волво, кој се смета за една од типичните "машки" марки, да направи автомобил кој би бил наменет за жените. А нивните специфични желби и потреби не може никој подобро да ги знае од нив самите, па затоа комплетниот развој и проектирање на Волво YCC го завршила деветчлена екипа составена од женски дизајнери и инженери.


Електроника

За "бојадисување" на сликата потребни се хроминентните сигнали, кои ќе ги провлечеме низ хроминентниот засилувач. Но, тие се сè уште заплеткани во "Гордиевиот јазол", којшто нема да го разврземе со меч, туку со PAL-степен. Ако до сега не сте ја решиле PAL-загатката, сега ви даваме шанса. Расправајте се малку со векторските дијаграми и со дефектите во овој степен.


Аудио и видеотехника

За раширеноста на микрофоните и звучниците не може да се каже нешто поконкретно, бидејќи толку ги има што е тешко да се изврши и најбанална проценка. Нивното настанување се должи на вечно љубопитниот дух на истражувачите, кои понекогаш и не биле свесни за значењето на нивните пронајдоци. Снимањето, записот, репродукцијата и преносот на звукот на далечина се поврзани со процеси на претворање на акустичкиот звучен сигнал во електричен сигнал и обратно.


Автомобилска техника

Може многу да се пишува за разводниот механизам кај моторите со внатрешно согорување. Едноставно, тоа е евергрин тема. И колку многу да се пишува, темата не може да се исцрпи. Една од причините за тоа е што вентилскиот разводен механизам е типично динамички и комплексен механизам и претставува тесно грло во настојувањата за зголемување на бројот на вртежи на моторот. Состојбата дополнително се комплицира доколку се постави условот за варијабилност на вентилскиот развод.


Медицина

Последните дваесетина години слушаме за можностите за и улогата на слободните радикали и антиоксидансите во забавувањето на стареењето и продолжување на животот. Меѓу нив најчесто е споменуван витаминот Е. Во ова продолжение на серијалот за улогата на витамините во современата исхрана на човекот, ќе се запознаеме токму со улогата на витаминот Е.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Сјајот на кометата C/2001 Q4 ќе продолжи да паѓа, а на 22 септември ќе биде есенска рамнодневица. Да ги проследиме и редовните астрономски случувања.


Математика

Во минатиот број на ЕМИТЕР ви поставивме неколку математички проблеми, кои, се чини, се покажаа "претешки". Од малкуте писма коишто ги примивме најмногу точни задачи имаше Климент Санџаковски од Струга кого воедно го наградуваме со полугодишна претплата. А сега следуваат задачите од минатиот број со нивните решенија кои сигурно нетрпеливо ги очекувавте.


Омнибус

Конечно Копро, Шмер и останатите; Dreamworks во брак со HP и Линукс; Маглината Конус; Македонски телекомуникации против ИТ заедницата; Американците преминуваат на UDSL; IBM со нов процесор; Кактус за превенција на мамурлукот; Откриен е протеин, што го блокира ХИВ-вирусот; Клонирани крави произведуваат лекови за лекување на ракот; Фотоапарат-пенкало; Умножувач на USB FLASH-мемории; Прстенот на Андромеда; Длабочините на Орион; Сараунд безжични слушалки; Шарените облици од Ро Опијучи; Пежо 1007


Писма
Брошури? Се разбира - ДА!
Прашања за PLL-колото LM567 (Е6/04)
Моќни засилувачи