Емитер 9/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Модерната технологија последниве десетина години овозможи едноставна изработка на автомобилски аудиозасилувачи со големи моќности. Заслугата за тоа е кај модерните интегрирани аудиозасилувачи кои работат во H класа, чијашто главна одлика е зголемување на напонот на напојување при појава на зголемен влезен сигнал. Со тоа засилувачот во H класа може да даде голема излезна моќност и при мал напон на напојување, како што е напонот од 12V во автомобилите. Во оваа статија ви прикажуваме проект за самоградба на таков автомобилски аудиозасилувач реализиран со интегрираното коло TDA 1562Q, кој ќе ви обезбеди моќност од дури 70W на звучник од 4 оми. Тоа е повеќе од доволно да го привлечете вниманието на девојките, да предизвикате завист кај другарите, но и да си го оштетите својот слух.
Развојот на интегрираната технологија последниве десетина години овозможи да се појават квалитетни аудиозасилувачи со голема моќност во монолитна интегрирана технологија. Еден од претставниците на највисоката класа е TDA1562Q, произведен од Philips. Добриот квалитет на аудиосигналот, ниската цена и малиот број на надворешни компоненти кои се потребни за негова работа, го направија еден од најпопуларните аудиозасилувачи со голема моќност кои се предвидени за автомобилски аудиосистеми.
Посебно карактеристично за овој засилувач е што е претставник на H-класата на аудиозасилувачи, кои се одликуваат со голема излезна моќност при мали напони за напојување (предвидено е да се напојува со еднонасочен напон од 12 до 15V). Големата моќност се постигнува со уникатниот метод кој користи два дополнителни кондензатори со чија помош напонот за напојување на излезниот степен се удвојува, при што се овозможува зголемување на излезната моќност. Но, за да се намалат загубите на конверзијата на напонот, удвојувањето на напонот на излезниот степен се изведува само кога специјалната електроника ќе детектира потреба од напон поголем од влезниот напон за напојување на колото. Овој “трик” комбиниран со излезниот степен изведен во мостна техника, овозможува максималната излезна моќност на засилувачот да биде неверојатни 70W на звучник со карактеристична импенданса од 4W.
Карактеристично за овој засилувач е што кога нема потреба од поголем напон на излез, излезниот степен работи во B класа, но кога специјалната електроника ќе детектира потреба од поголем напон за излезниот степен, се активира внатрешниот степен за подигнување на напонот за излезниот степен кој го удвојува напонот за напојување, па така на излезот може да се добие синусна моќност од 55W т.е. музичка моќност од 70W на 4W.
За да се продолжи векот на траење на ова коло, во него се вградени неколку заштитни единици кои имаат улога да го заштитат од работа во режим кој може да ја оштети неговата структура. Станува збор за единици кои детектираат прегревање на интегрираното коло, куса врска во излезниот степен (оштетен звучник или кабел кој го поврзува колото со звучникот) или непостоење на товар на излез (прекинат кабел за поврзување на колото со звучникот или оштетен звучник), куса врска на кој било излез кон маса или кон напојувањето...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.