Емитер 12/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сте го погледнале ли некогаш куќиштето на вашиот компјутер од задната страна? Што ли претставуваат оние приклучоци со многу дупчиња? ;-)) Аха, во ред, сте слушнале дека ги викаат портови, меѓутоа за што служат, шо сé можеме да приклучиме на нив? Ајде да го проследиме написот што следува и да дознаеме нешто повеќе за RS-232 серискиот порт
Влезно/излезните портови се мошне важен дел од персоналниот компјутер (PC) и тие служат за поврзување на различните електронски уреди со вашиот компјутер. До скоро време различните компјутерски компоненти можеа да се поврзуваат исклучиво само преку одредени портови:
• екстерните (надворешни) модеми или некои модели на PC-глувчиња комуницираа со компјутерот ореку серискиот порт;
• портото за тастатура (AT keyboard port) го користеше само тастатурата;
• некои модели на глувчиња и тастатури можеа да се поврзуваат само преку PS/2 портот.
Во поново време, овие различни типови на портови, кои им задаваа големи главоболки на корисниците, се потиснуваат од популарниот USB. Така, можеме да слушнеме дека најразлични уреди, почнувајќи од екстерни модеми, екстерни дискови, скенери, печатачи, глувчиња, тастатури, па сè до дигитални камери и мобилни апарати го користата популарниот USB.
Се чини дека PC-компаниите конечно престанаа со инаетењето и пристапија кон користење на заеднички и универзален сериски порт, т.е. USB. За оние љубопитните кои сакаат да научат нешто повеќе за PC портовите и информациите што се испраќаат/примаат на нивните соодветни пинови – продолжете со читање на овој напис.
Концептот на сериската комуникација е следниов: Трансферот на податоците од испраќачот до примачот се врши бит по бит во единица време. Серискиот порт зема 8, 16 или 32 паралелни битови од PC магистралата и ги конвертира во 8, 16 или 32-битни сериски низи. Името сериска комуникација доаќа оттаму што секој бит на информација се пренесува во серија од една локација до друга. Едни од најраспространетите портови чиј метод на пренос е сериски се RS-232 и Universal Serial Bus (USB).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.