Емитер 11/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во ЕМИТЕР еднаш веќе беше пишувано за компјутерските напојувања. Тогаш беа претставени неколку модели на напојувања од познати производители. Овојпат ќе зборуваме повеќе за функцијата и принципот на работа на напојувањето, барањата на спецификацијата ATX12V, изгледот и распоредот на изводи на конекторите и за некои разлики меѓу добро и лошо дизајнираните напојувања - информации корисни за секој електроничар и информатичар кој сака да ја провери исправноста на оваа компонента и да го отстрани евентуалниот проблем.
При изборот и купувањето на компонентите за идниот PC, ретко кој од корисниците прашува од кој производител е напојувањето, дали има доволно излезна моќност за конфигурацијата, колкаво е нивото на шумот што го создава вентилаторот или дали можеби има вградено степен за корекција на факторот на моќноста (PFC). Напојувањето е затворена компонента, па и за купувачите што ги интересира повеќе, останува тајна каков е внатрешниот дизајн и дали податоците што производителот ги навел на налепницата навистина се точни.
Компјутерските фирми кај нас не може да се пофалат дека имаат некој голем избор на напојувања. Ако ги разгледате понудите на компоненти, ќе видите дека ретко може да се најде напојување од некој познат и докажан производител. Ваквите напојувања имаат и повисока цена, а на компјутерските фирми, во трката за пониски цени на конфигурациите, најлесно им е да заштедат со вградување на евтино напојување, со гаранција која некогаш е помала и од еден месец.
Се случува ваквото напојување подоцна бргу да откаже или, пак, да предизвика и оштетување на некоја од поскапите компоненти (матична плоча, графичка картичка, тврдиот диск, процесор). Ова, секако, може да се случи и со поквалитетните напојувања, но веројатноста за тоа е многу помала. Во секој случај, ако некој сака самостојно да дијагностицира и да отстрани проблем поврзан со напојувањето, потребно е претходно подетално да се запознае со неговата функција и принципот на работа.

Основната функција на напојувањето е со конверзија на влезниот наизменичен напон од електричната мрежа, на својот излез да ги обезбеди еднонасочните напони потребни за работа на компјутерот. За компјутерот исправно да функционира, излезните еднонасочни напони треба да бидат стабилни, и при промени на мрежниот напон на влез и при промени на оптоварувањето на излез.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.