Омнибус

Сончеви активности;
Интересни факти за земјата (3);
Ѕвездена потера по земските грешници;
Дуел на компјутерските титани;
Недоволното спиење може да пречи во вашите напори да ослабете;
Да ја зачуваме неутралноста на мрежата;
Трансгенетски животни за подобро здравје;
JBL - 60-годишен јубилеј проследен со специјална серија на производи;
Mercedes Benz GL - голем луксуз во огромно пакување;


Омнибус

Скопскиот саем, традиционално, и оваа година беше домаќин на меѓународната саемска манифестација, Технома, која е 32-ра по ред. За претставување на своите производи изложбениот простор на Скопскиот саем, поточно четирите хали и двата павилјона, во периодот од 17 до 21 октомври, го искористија голем број на домашни и странски фирми. И овој пат, манифестацијата беше цел на голем број посетители.


Аеронаутика

Клубот за ултралесни летала "Метаморфоза"- Скопје е првиот приватен аероклуб за моторно летање оформен во Македонија и е еден од зачетниците на приватната спортска авијација, кој придонесува за понатамошен развој и обучување на летачките кадри овозможувајќи им да се запознаат со тајните на летањето. За оваа цел клубот ги поседува леталата Cora Allegro и Zenair CH 701, кои се подетално претставени во следниов напис.


Астрономија и астронаутика

Серијата на вселенски летала Спејс шатл (Space Shuttle) на САД, несомнено остави трага во човековото освојување на вселената. Имено, за прв пат беше направено вселенско летало кое ќе биде испратено во орбита околу Земјата, ќе престојува одреден период во вселената и потоа ќе биде приземјено, поминувајќи низ атмосферата и слетувајќи како и секој друг авион.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на метеорскиопт рој Леониди.


Астрономија и астронаутика

Само малку кон исток (лево) од соѕвездието Вага и на запад од соѕвездието Змијоносец (Ophuichus), 13-тото зодијачко соѕвездие, можете да го видите едно од најубавите соѕвездија на небото, и сигурно најубавото помеѓу зодијачките, Скорпија.


Аудио и видеотехника

Денес поимот MIDI е присутен секаде во музичкиот свет. Можностите што ги нуди се неверојатно големи и нивното целосно искористување бара темелна подготовка од областа на дигиталното аудио и од областа на компјутерите. Самото MIDI не навлегува во суштината на творечката индивидуалност, напротив, правилно сфатено овозможува пошироко размавнување на творечките потенцијали; тоа не влијае на самата нота, но таа целата е опколена со него и го открива познавањето на нотата и на проблематиката.


Електроника

Минијатурните топливи осигурувачи се составен дел на речиси секој електронски уред, но сепак многумина електроничари знаат малку за нив. Овој краток напис ќе ви пружи мноштво корисни информации за малите "стаклени" осигурувачи и нивната примена.


Електроника

Една од најпопуларните примени на бројачот-декодер IC 4017B е конструкцијата на секвенцијални кола. Секако дека сето ова би било многу поедноставно реализирано и со многу повеќе променливи секвенци, кога би се употребувал некој од микроконтролерите, кои, за жал, кај нас премалку се застапени во проектите на аматерите-електроничари.


Електроника

Во електричните шеми и нивните анализи батеријата е претставена како извор на константен напон и ништо повеќе. Како таа функционира и кои процеси се одвиваат во неа ќе дознаете од следниов текст. За почеток, сега ќе зборуваме за "оловните" батерии, а понатаму и за другите видови батерии. Тука ќе најдете и некои практични аспекти на нејзината примена.


Информатика

Во ЕМИТЕР еднаш веќе беше пишувано за компјутерските напојувања. Тогаш беа претставени неколку модели на напојувања од познати производители.


Информатика

2005 беше година во која Borland, компанија која е директно одговорна за постоењето на Delphi, ја прослави 10-годишнината од појавувањето на првото IDE издание наменето за тогашниот оперативен систем на Microsoft, Windows 3.11. Оттогаш, досегашните 8 изданија ја прославија оваа апликација како една од најидеалните развојни алатки за софтвер кога било направени.


Информатика

Сега кога веќе имате блог-страница и знаете како да ја средувате, треба да ги проширите своите хоризонти, и да се обидете да заработите нешто од вашиот труд.


Информатика

Динамичната и отворената природа на интернет-мрежата, уште од своите први денови даде можност за разни форми на напади и злоупотреба. Еден од најраспространетите начини на кои се злоупотребува интернетот е методот фишинг (phishing). По дефиниција оваа измама подразбира користење на електронските писма за масовно дистрибуирање на пораки со кои жртвата се наведува да посети одредена веб-локација.


Информатика

Стандардно, како и во изминатите неколку години, почетокот на месец октомври не само што претставува почеток на академската година за студентите, туку е резервиран и за најверојатно најочекуваниот IT настан во државата, конференцијата Визија. На дводневниот семинар, кој се одржа на 7 и 8 октомври во хотелот Александар Палас, посетителите можеа да се запознаат со новите производи и технологии на Мајкрософт, како и со нивните имплементации од страна на неговите партнери.


Телекомуникации

Во минатиот број ги разгледавме техниките на проширување на спектарот. Во овој број ќе ви ги приближиме самите безжични мрежи, односно нивните стандарди, како и "итроштините" на кои паметните луѓе се досетиле за да се подобри преносот преку етер. Се надеваме дека со претходниот и со овој натпис, како и со следните натписи што ги планираме од оваа област, ќе ви помогнеме полесно да се снајдете во безжичната "џунгла".


Телекомуникации

Уште еден уред на финскиот производител Нокиа кој припаѓа во највисоката класа на мобилни телефони и кој во голема мера служи за задржување, а ако не и за подобрување на репутацијата на компанијата. Главни карактеристики на уредот се одличната дигитална камера со 5 мегапиксели, вградена GPS-функционалност, како и поддршката за работа со поновите и побрзи мобилни мрежи.


Физика

Дали постои конечна теорија т.н. "Теорија за сé", која преку математички изрази може да ги објасни или да ги претскаже сите структури коишто постојат во природата на светот? Постојат спротивни ставови на водечките физичари-теоретичари, по тоа прашање.


Фототехника

Дигиталните фотоапарати со голем зум секогаш претставувале предизвик за ентузијастите меѓу фотографските аматери. Свои фаворити на тој план има и реномираниот Панасоник, а еден од нив е моделот DMC-FZ7 кај кој, меѓу останатото, како главен адут се истакнува ултразумот со 12-кратно оптичко приближување, сместен во релативно компактно куќиште.


Автомобилска техника
Алек Исигонис со своето Мини

Мини – тоа е неговото ремек-дело. Прекрасен, зачудувачки одличен и оригинален дизајн кој го разбранува автомобилскиот свет и пошироката публика. Кога на ова ќе се додадат и мноштвото технички новитети и оригинални, а за тоа време невообичаени конструктивни решенија на механиката кои се кријат под предниот поклопец на моторот и под каросеријата, слободно може да се констатира дека се работи за возило кое и денес ги запира погледите и мами воздишки. Односот кон ова возило е како кон најслаткото милениче кое може да се посака. Без сомнение, светот виде како се прави мал градски автомобил, а творецот е Алек Исигонис кој го посветил својот живот на малечкиот автомобил.


Автомобилска техника
Автомобил со кој е вистинско задоволство да се “бришка” по градските улици.

Мини е еден од најкултните автомобили со кои англиската автомобилска индустрија има полно право и привилегија да биде горда. Неговата генијална конструкција има силно влијание дури и во денешното современо конструирање на малите автомобили. Нему одлично му прилегаат поимите: стил, имиџ, својственост, оригиналност, практичност, силна индивидуалност и концептуален минимализам, поими кои автомобилските производители отсекогаш ги користеле за да дојдат до паричниците на купувачите.


Електроника

Предноста на електронските осигурувачи не е само во тоа што тие не можат да бидат уништени (не горат). Електронските осигурувачи нудат и други погодности, како, на пример, нагодување на номиналната струја и "карактеристиката на топење". Изработете го овој софистициран електронски осигурувач за DC и AC струи и заштитете ги своите скапоцени уреди и инструменти.


Електроника

Во овој напис ви нудиме електронско коло за голема забава на децата. Ова електронско коло може без проблеми да генерира звук на европска полициска сирена, звук на птица, звук на вселенско летало, звук на оружје од видеоигрите итн. Со додавање на моќен аудиозасилувач може да се употреби како куќно ѕвонче, како аларм или како завивачка сирена во вашиот автомобил.


Електроника

Евтините полначи на Ni-Cd акумулаторски батерии кои ги има на нашиот пазар обично не овозможуваат "квалитетно" полнење на истите, бидејќи не ги обезбедуваат ни двата основни критериуми: полнење со константна струја и прекинување на полнењето кога акумулаторите се полни. Од друга страна, квалитетен полнач со трансформатор би бил "прескап" за аматерска градба, па се одлучив за едно вакво решение кое ги исполнува овие основни критериуми и е компромис помеѓу корисното и евтиното.


Енергетика

Како што кажавме во минатиот број, во еколошката куќа се вградени три системи за производство на енергија: систем за производство на електрична енергија од сонце, систем за производство на електрична енергија од ветер и систем за производство на топлинска енергија од сонце. Во овој број подетално ќе го опишеме системот за производство на електрична енергија од сонце кој се состои од 8 фотонапонски панели со вкупна моќност од 1 KWp.


Писма
Напојување за PIC програматорот
Хард диск преку УСБ
Која е должината на цевката за примарот во "Електронскиот" теслин трансформатор?
Звучници за по дома
Откривање на недозволено користење на компјутерот