Рубрика: Автомобилска техника
МИНИ МАНИЈА
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Автомобил со кој е вистинско задоволство да се “бришка” по градските улици.

Мини е еден од најкултните автомобили со кои англиската автомобилска индустрија има полно право и привилегија да биде горда. Неговата генијална конструкција има силно влијание дури и во денешното современо конструирање на малите автомобили. Нему одлично му прилегаат поимите: стил, имиџ, својственост, оригиналност, практичност, силна индивидуалност и концептуален минимализам, поими кои автомобилските производители отсекогаш ги користеле за да дојдат до паричниците на купувачите.

Мини е најдобар показател за тоа дека автомобилите одамна престанаа да бидат само обични превозни средства. Тој е најдобар пример за тоа дека за постигнување успех во автомобилската индустрија големината не е секогаш пресудна.

Мини се покажа како идеален автомобил за настап на релито во Монте Карло. Победите на ова рели се значаен дел од неговата историја.

Како еден од автомобилите кои оставиле и сè уште оставаат силен белег во автомобилската индустрија, поводот за појавата на Мини е мошне сличен со денешниве политичко-безбедносни случувања. Може да се каже дека своето пласирање во јавноста Мини го должи на кризата во Суецкиот Канал од 1956 година. Во такви услови, тогашната фирма Бритиш Мотор Корпорејшн сериозно пристапила кон реализација на проект од кој би се родил еден нов, евтин, економичен и мал автомобил кој би бил лесно достапен за просечниот купувач.

Во периодот кога фирмата Бритиш Мотор Корпорејшн го лансирала Мини, ги поседувала и фирмите Морис и Остин, па така автомобилот во првите години од производството се произведувал како Морис Мини Минор и како Остин Севен.

Новиот Мини е многу поскап од стариот, но тоа не му попречи и натаму да биде предмет на обожување, туку и му помогна да стане своевиден статусен симбол.

Како мал и евтин но и автомобил со огромна харизма, Мини станува многу популарен како кај обичните луѓе за кои првенствено бил наменет, така и кај личностите од јавниот живот и припадниците на светскиот џет-сет. Најбројни купувачи се британските музички и филмски ѕвезди, а воодушен од Мини бил и познатиот италијански дизајнер на автомобили Батиста Пининфарина.

Клучни зборови:
Автомобил со кој е вистинско задоволство да се “бришка” по градските улици.

Автомобил со кој е вистинско задоволство да се “бришка” по градските улици. 

Мини се покажа како идеален автомобил за настап на релито во Монте Карло

Мини се покажа како идеален автомобил за настап на релито во Монте Карло. Победите на ова рели се значаен дел од неговата историја.

Новиот Мини е многу поскап од стариот, но тоа не му попречи и натаму да биде предмет на обожување

Новиот Мини е многу поскап од стариот, но тоа не му попречи и натаму да биде предмет на обожување, туку и му помогна да стане своевиден статусен симбол.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.