Рубрика: Астрономија и астронаутика
"Кјуриосити", најновиот ровер за Марс
Автор: Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Уште од шеесеттите години на минатиот век, Марс е цел на истражување со многу беспилотни летала; орбитери, лендери и ровери. Први летала кои успешно се спуштиле и работеле на Марс се американските сонди "Викинг" 1 и 2 во 1976. Тие носеле и експеримент кој требало да покаже дали на Марс има живот, но резултатите на експериментот не биле еднозначни. Една од задачите на најновиот американски ровер за Марс, лансиран оваа година, е да открие дали некогаш на Марс постоеле услови за живот. Роверот нема задача да докаже дали на Марс има живот сега, но ако постои, можно е тој да биде откриен со опремата што ја носи роверот.

Конструкцијата на компонентите на сондата почнала на почетокот на 2007 година, и до ноември 2008 година таа била речиси завршена, но тогаш дошло до застој бидејќи буџетот одреден за "Марсовата научна лабораторија" веќе бил потрошен. Поради ова, тестирањето на компонентите и нивната конечна монтажа било одложено додека не се пренамениле средства од другите програми за истражување на Марс. Во меѓувреме, од 23 до 29 март 2009 година на интернет бил организиран конкурс за името на сондата. На него било избрано името "Кјуриосити", предложено од страна на ученичка во шесто одделение, Клара Ма. При крајот на јуни 2010 година, роверот бил конечно завршен и се чекал "прозор" за лансирање кон Марс во есента 2011 година. Цената на целата мисија е 2,5 милијарди долари, што е 30% повеќе од првобитната проценка.

Клучни зборови:

Уметнички приказ на Кјуриосити во истражување на Марс.

Уметнички приказ на слетувањето на Кјуриосити.

Последните испитувања на Кјуриосити.

Кјуриосити (десно) во споредба со "Соџурнер" (на средина) и идентичните Спирит и "Опортјунити" (лево).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.