Рубрика: Астрономија и астронаутика
Човечка мисија на Марс
Автор: Јурица Катичиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Уште од 1895 година кога астрономот Percival Lowell ја објави книгата "Марс" во која шпекулира за интелегентна форма на живот која има изградени канали за наводнување на површината на Марс, човештвото очекува да најде живот на "Црвената планета". На 30 октомври 1938 година Орсон Велс со својата радиодрама за инвазија на зелените Марсовци врз Земјата (направена според романот на H. G. Wells "The war of the worlds" објавен во 1898 год.) предизвика вистинска паника кај американските жители. Додека порано сме можеле само да погодуваме што има на Марс, со спуштањето на леталото Mars Pathfinder во 1997 година беа извршени директни испитувања на примероци од неговата површина. Во последно време се појавија и неколку проекти за човечка мисија на Марс. Потребната технологија веќе ја имаме, но нѝ недостасуваат финансии и храброст.

Единствената причина поради која се планира една ваква скапа инсвестиција е трагањето по живот. Во некои од метеоритите кои паднале на земјината површина и за кои се смета дека доаѓаат од Марс се откриени контроверзни структури, кои можеби претставуваат изумрени бактерии – една од најпростите форми на живот. Пронаоѓањето живот на Марс би било од огромно зналење, бидејќи тоа би било доказ на хипотезата дека процесите кои водат до создавање на живот се генерални, т.е. се одвиваат на ист начин, и дека Земјата не е посебно привилегирана во тој поглед.

Роботите како Mars Pathfinder, не се во состојба да ни ги дадат сите посакувани информации, пред сè поради тоа што тие вршат само површински испитување на мал број примероци (познатите карпи Ypgi, Barnacle Bill итн.) и што се управувани од Земјата, така што наредбите се извршуваат дури по најмалку половина час од од нивното задавање, што испитувањата ги прави индиректни. Денеска научниците сметаат дека форми на живот се можни само во почвата на Марс, на одредена длабочина, каде ултравиолетовата светлина (која ги уништува микроорганизмите) не може да продре и каде нема водород пероксид. Директни и темелни испитувања се, значи, можни само доколку се испрати четиричлена или шестчлена посада на Марс.

Најпогодно време ("погоден момент") за започнување на мисијата е кога Марс и Земјата се наоѓаат на минимално меѓусебно растојание, што се случува секои 26 месеци. Времетраењето на патувањето зависи од типот на леталото и горивото кое се користи, но се проценува дека е околу 6-8 месеци, така што на астроанутите би им останале цела година и пол за изведување на експериментите пред да се вратат.

Засега во оптек се три плана за изведување на мисијата:
• директно спуштање на Марс;
• спуштање на Дејмос; и
• користење на гравитационите сили на набесните тела за побрзо и поевтино пристигнување до Марс.

Па да ги разгледаме секој од нив...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.