Рубрика: Астрономија и астронаутика
Пронајдени органски молекули на Марс
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 08.06.2018 - 11:00

Роверот Кјуриосити ги откри органските молекули во седиментните наслаги во кратерот Гејл

Роверот Кјуриосити (Curiosity) на НАСА пронајде нови докази сочувани во карпите на Марс, што укажува дека планетата можела да поддржи живот во минатото. Покрај ова беа пронајдени и нови докази во атмосферата на Марс, кои ја засегаат потрагата по форми на живот сега на Црвената планета. Иако не се работи за директрн доказ за постоење на  живот, овие наоди се добар знак за идните мисии што ќе ја истражуваат површината на планетата и но и нејзината внатрешност  - “подземјето”.Роверот Кјуриосити (Curiosity) на НАСА пронајде нови докази сочувани во карпите на Марс, што укажува дека планетата можела да поддржи живот во минатото. Покрај ова беа пронајдени и нови докази во атмосферата на Марс, кои ја засегаат потрагата по форми на живот сега на Црвената планета. Иако не се работи за директрн доказ за постоење на  живот, овие наоди се добар знак за идните мисии што ќе ја истражуваат површината на планетата и но и нејзината внатрешност  - “подземјето”.

Откритието на "тешки" органски молекули во седиментните карпи стари три милијарди години, во близина на површината, како и сезонските варијации во нивоата на метан во атмосферата објавени се денес во списанието Science.

Органските молекули содржат јаглерод и водород, но исто така може да вклучуваат и куслород, азот и други елементи. Иако честопати се поврзуваат со живиот свет, органските молекули може да се создадар и при не-биолошки процеси и не се неопходно и показатели за постоењето на живот.

Иако површината на Марс е денес не пружа добри услови, постојат јасни докази дека во далечното минато, климата на Марс дозволувала изобилство на течна вода на површината, впрочем ЕМИТЕР за ова пишуваше во Емитер 5/2008 (Воденото минато на Марс). Водата е суштествена состојка за постоење на животот, онаков каков што го познаваме. Податоците од Curiosity откриваат дека пред милијарди години, водното езеро во кратерот Гејл (Gale) ги имало во себе сите состојки потребни за настанок на живот, вклучувајќи ги и основните хемиски елементи и извори на енергија.

Во вториот труд, научниците го опишуваат откривањето на сезонските промени во количината на метан во атмосферата на Марс во текот на речиси три марсовски години, што е еквивалент на речиси шест години на Земјата. Варијациите се откриена со помош на инструментниот пакет за анализа на примероци на Марс од роверот Curiosity.

Хемиските процеси на водата во карпите можеби се причина за создавање на метанот, но научниците не можат да ја отфрлат можноста за неговото биолошко потекло. Присуството на метан во атмосферата на Марс претходно беше откриено во вид на големи, непредвидливи воздушни столбови. Новиот резултат покажува дека ниските нивоа на метан во рамките на кратерот Гејл сегкогаш го достигнуваат врвот во топлите, летни месеци, за повторно да се намалат во зима, процес што се повторува секоја година.

За да се идентификува органскиот материјал во почвата на Марс, Curiosity дупчел во седиментните наслаги на карпите во четири области во кратерот Гејл. Наслагите се формирале пред милијарди години од материјалот што се акумулирал на дното на негогашното езеро. Примероците од карпи беа анализирани со инструментниот пакет за анализа на примероци од роверот Curiosity, кој користи печка за загревање на примероците до температури над 900°C за да се ослободат органските молекули од истолчената карпа.

Анализите покажале приусуство на мали органски молекули во испитуваниот пример коишто се дел од поголеми органски молекули што не испаруваат лесно. Некои од овие делови содржат сулфур, што можеби помогнало тие да се зачуваат.

Резултатите, исто така, укажуваат на концентрации од органски јаглерод блиски до количините забележани во метеоритите со потекло од Марс. Откриените количини на органски јаглерод се за околу 100 пати поголеми од претходните наоди на површината на Марс. Некои од идентификуваните молекули вклучуваат тиофен, бензен, толуен и мали јаглеродни низи, како што се пропан или бутен.

Во 2013 година, Curiosity откри органски молекули кои содржат хлор во карпите во најдлабоката точка од кратерот Гејл. Новото откритие ја надополнува листата на молекули откриени во прастарите езерски седименти на Марс и помага во разбирањето зошто тие се одржале.

Откритието на метан во атмосферата и прастар јаглерод зачуван на површината, им дава надеж на научниците дека идните мисии, роверот на НАСА Марс 2020 и роверот Егзо Марс на ЕСА, ќе пронајдат уште повеќе органски супстанции, како на површината, така и на веднаш под површината.

Клучни зборови:
Роверот Кјуриосити ги откри органските молекули во седиментните наслаги во кратерот Гејл

Роверот Кјуриосити ги откри органските молекули во седиментните наслаги во кратерот Гејл

Панорамска слика на кратерот Гејл

Панорамска слика на кратерот Гејл

Приказ на сезонските промени на нивото на метан во атмосферата на Марс

Приказ на сезонските промени на нивото на метан во атмосферата на Марс

Новите мисии со ровери на ЕСА и НАСА што треба да ги продлабочат сознанијата за црвената планета

Новите мисии со ровери на ЕСА и НАСА што треба да ги продлабочат сознанијата за црвената планета