Емитер 5/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Најновите сознанија за Марс покажуваат дека на оваа планета во минатото преовладувала топла и влажна клима низ еден подолг период, со услови слични како на Земјата, погодни за појава на живот. На оваа тема, во американското научно списание Scientific American, излезе опширен напис, чиј автор е планетарниот стручњак Jim Bell , еден од актерите на речиси сите истражувачки мисии во врска со Марс. Ги пренесуваме најинтересните моменти од неговиот напис.
До пред неколку децении научниците сметале дека Марс отсекогаш бил студена, сува и негостољубива планета, а индикациите за повремени водени изливи и наодите на минерали кои несомнено се создаваат под дејство на вода, научниците ги сметале за кратки девијантни појави, кои се случувале во многу далечното минато на планетата.
Но, најновите сознанија покажуваат сосем поинаква слика: водата очигледно покривала голем дел од површината на планетата во нејзината многу рана историја, но можеби и во поново време. Импликациите од тоа се длабоки: ако такви услови, слични на условите на Земјата, биле доволно долготрајни, тие овозможувале појава и развој на живот на Марс. Но, да почнеме со ред.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.