Рубрика: Информатика
Чекајќи го Ivy Bridge...
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Првите процесори на Интел изработени во 22 nm технологија ќе пристигнат напролет, но тоа не е пречка high-end сегментот да се пополни со нови Extreme Edition модели од сè уште актуелната 32 nm генерација. Помоќни од кога било, врвните перформанси ги креваат на едно ново, повисоко ниво.

До премиерата на најновата генерација на процесори на Intel, Ivy Bridge, изработени во 22 nm технологија, остануваат уште неколку месеци. Но, иако на прв поглед помалку изненадувачка, појавата на најновите 32 nm high-end и extreme модели на процесори сепак е логичен чекор. Прво, по Extreme Edition 980X/990X моделите (Gulftown), Интел нема исфрлено нивни наследник на пазарот. Впрочем, немало ни зошто – комбинацијата на овие два процесора со матичните плочи со X58 чипсетот сè уште воодушевува со сировата сила и перформансите. Sandy Bridge генерацијата не донесе high-end модел; и покрај високите перформанси, недостижни за ривалот AMD, сепак овие модели (Core i7 2600/2600K, па и Core i5 2500K) беа позиционирани во меинстрим сегментот. Послабите Core i5 и Core i3 модели, како и нивните најнови деривати во вид на пентиум процесори ги пополнија останатите сегменти. Значи, се создаде празнина која мораше да се пополни во наредните месеци.
Најновите Extreme Edition модели носат ознаки Core i7-3960X и Core i7-3930X. Кодниот назив им е Sandy Bridge – E, што асоцира дека се работи за модели што сè уште се базирани на постоечката Sandy Bridge генерација. Но, позадината на приказната, сепак е поинаква...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.