Рубрика: Електроника
Новиот развоен систем EasyPIC v7
Автор: Перица Јакимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Добро познатата EasyPIC – генерација на развојни системи од "Микроелектроника" доби уште еден член – седмиот по ред, кој нуди многу повеќе од која било претходна варијанта. Кај овој модел се забележуваат многу подобрувања во однос на неговиот претходник, некои нови модули, и она што можеби е и најбитно за овој модел, а тоа се многу, многу повеќе можности за поврзување. Исто така, EasyPICv7 носи и многу промени на генерациско ниво, односно дојде време да се променат нештата кои претходно беа унифицирани и беа речиси исти за целата генерација EasyPIC. Затоа, предлагам низ написов да се запознаете со овој развоен систем. Доколку имате барем мало искуство со микроконтролери или пак сакате допрва да навлезете во овој свет – ова е парчето електроника што морате да го имате на својата работна маса :-)

EasyPICv6 е одличен развоен систем, исто како и сите претходни модели од генерацијата EasyPIC. Но, сепак, како што се вели кај нас "Сè во свое време", нели. Доколку се сеќавате на написот од март 2010 каде што го претставив тогашниот најнов EasyPICv6, тој изгледаше како идеален развоен систем кому ништо не му недостасува. И тимот дизајнери од "Микроелектроника" мислеше така во тоа време, но подоцна сфати дека, сепак, и таа плоча има недостатоци. Главниот заклучок беше дека, од кориснички аспект, не е толку многу битно какви модули можат да се сретнат на плочата, туку дека многу поважно е плочата да има повеќе опции за поврзување на други, надворешни модули, и дека најбитна е организацијата на самата плоча. Па, така се роди идејата за EasyPICv7 Connectivity!

Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
 
Клучни зборови:

Развоен систем EasyPICv7

Напојувачки модул за 5V и 3,3V

Модулите USB UART и RS232

Модулите mikroBUS

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.