Рубрика: Автомобилска техника
Електроавтомобили (3): Опрема и проектантски предизвици
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Третово продолжение од серијалов за електроавтомобилите отвора навистина многу интересни теми. Тоа се батериите, системите за управување и контрола на електроавтомобилот, проектантските предизвици и голем број на специфичности и посебности кои го прават електроавтомобилот вистински бисер на современата технологија. Дури по читањето на овај напис ќе стане навистина јасно зошто електроавтомобилот не е обичен автомобил во кој моторот СВС е заменет со електромотор и нешто електроника, а резервоарот е заменет со батерии. И секако, најважното: издувниот систем од обичниот автомобил е отстранет :). Ќе видиме дека е потребно ново размислување по прашањето за електроавтомобилот.

Можеби на прв поглед звучи некако сензационалистички, ама точна е констатацијата дека развојот на електроавтомобилот е посебна прикаска која мора да започне речиси од почеток без притоа слепо да се "шлепаме" на старите дострели од класичните автомобили. Причините за ова се бараат, пред сè, во потребата од ново иновативно размислување во однос на целокупната поставеност на проблемот наречен електроавтомобил, развој на сосема нови системи и потсистеми кои не се користат кај класичните автомобили, како и употребата на многу висока наука и технологија која ги овозможува сите овие пробиви затоа што само од нив зависат перформансите кои значат живот за електроавтомобилот: се "цеди" и последниот милиметар и грам. И покрај сето тоа и целокупното залагање на најдобрите стручнаци, научници и инженери во развојот на електроавтомобилот и неговата промоција во сериско возило за градскиот сообраќај, вродува со ограничени, но значителни плодови кои со породилни маки ја туркаат прикаската за современиот електроавтомобил да излезе на светлото на денот. Ќе се запознаеме само накратко со основните проблеми кои ги решаваат стручњаците во автомобилската индустрија со цел електроавтомобилот да ни стане реалност.

Клучни зборови:

Пакет тракциони батерии за еден електроавтомобил

Ултралесна современа каросерија за електроавтомобил. Вистинско совршенство на модерната технологија.

Хардверот на управувачката електроника е сместен под предниот поклопец на автомобилот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.