Рубрика: Електроника
TPA2015D1 – 2W аудиозасилувач во D-класа со вградена SpeakerGuard
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Новото интегрирано коло на Тексас Инструментс, TPA2015D1 е 2-ватен моно аудиозасилувач во D класа со вграден конвертор на напојувањето кој обезбедува поголема моќност во однос на конкурентските производи при исти услови на напојување. Тоа, исто така, има "мирна струја" од само 1,7mA, која е пет пати помала од сличните конкурентски производи. Тоа воедно обезбедува подолг век на траење на батериите.

TPA2015D1 е батериски напојуван аудиозасилувач во класа Д со голем степен на полезно дејство. Во него е интегрирана единствена SpeakerGuard™ технологија за автоматско нагодување на засилувањето (AGC), како и адаптивен конвертор на напојување кои заедно го зголемуваат степенот на полезно дејство при мали моќности и истовремено можат да погонат звучник од 8 Ω до моќност од 2W (при 6% THD). Со типичен степен на полезно дејство од 85%, TPA2015D1 ја намалува вкупната потрошувачка и со тоа го продолжува животниот век на батериите.
TPA2015D1 првенствено е наменето за апликации каде што заштедата на енергија е од пресудно значење, но и таму каде што не така малата моќност од 2W е битна за квалитетна работа на уредот. Тоа во прв ред се:
- мобилни телефони;
- лични навигациони системи (GPS);
- преносиви компјутери;
- преносиви ДВД плеери;
- играчки конзоли;
- приклучни подлоги за лаптоп, мобилни теелефони, i-phone и сл.;

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.