Рубрика: Електроника
200W Hi-Fi засилувач во класа Д (4)
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во претходните 3 продолженија, се обидов да ви ги презентирам основните постулати на кои мора да обрнеме внимание при градбата на нашиот засилувач на моќност во класа Д. Останува уште да се дефинираат неколку “финеси”, па стекнатото знаење да можеме да го примениме во практика и, конечно, да го конструираме нашиот засилувач! Да уживаме во неговите први отсвирени ноти, но и да ги измериме и да ги анализираме карактеристиките со помош на објективни и субјективни методи.

Субјективно, засилувачот многу подобро звучи од очекуваното. Употребени се два сосема различни типови на звучници – едниот мониторски звучник во самоградба со долна гранична фреквенција од 70 Hz, но ценет по своите прецизни и отсечни басови и неверојатно широка звучна слика во среднотонско – високотонското подрачје, и другиот B&W DM602 – квалитетен бас-рефлекс звучник со длабоки и волуминозни басови. И двете звучни кутии се со номинална импеданса од 8Ω. Бидејќи досега не сум имал можност да слушнам како звучи класично “пумпање”, се понадевав дека ќе имам можност, но ништо од тоа! Басовите и на двете звучни кутии беа добро дефинирани, иако на истите кутии сум слушнал и басови со подобра резолуција. Со мониторскиот звучник добив “тенки” басови, но и убаво дефинирано среднотонско подрачје коешто се одликуваше со голем степен на “распеаност”. B&W, од своја страна, ги даде очекуваните басови и добро балансирано пеење, дури и при најгласните пасажи, но некако високотонското подрачје се одликуваше со голем степен на непрецизност и, во глобала, со одреден степен на “модулација” (суб-јективно поместување на спектарот за половина тон, а и повеќе) – тоа најверојатно се должи на јасно присутниот трет хармоник. Сè на сè, сум слушал и многу полоши засилувачи изработени во класа АБ, така што нашиот засилувач во класа Д може да се смета за солидно квалитетен (како засилувач од класа АБ), но со значајна предност во високата моќност, поголемата ефикасност, значајно помалиот ладилник и заштедата во трошокот за филтерските кондензатори. Не е крај, ова е само почеток. Го ослободив духот од шишето, па сега мора да го вратам назад. Но, поради лични обврски ќе мора да направиме кратка пауза по овие 4 продолженија. Наскоро, од есен, ќе настојувам да комплетирам стерео верзија од 2x200W, овој пат во “пристојна” кутија, а подготвувам и многу други тешки изненадувања врзани со класата Д. Но какви изненадувања би биле тие ако ви ги откријам денес!

Технички карактеристики:

Излезна моќност: 210W RMS на 6 оми Засилување: 36dB Напојување: ±25V Мирна струја: 50mA Ефикасност: >90%

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1417
ИК: TDA8920BJ
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.