Рубрика: Информатика
Од стар компјутер до функционален NAS уред
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Имате стар компјутер, но не знаете што со него? Сакате NAS, а немате пари? Можеби ова е вистинското решение за вашиот проблем!

Сè пониските цени на десктоп компјутерските системи, било како целина, било на самите делови доведе, до ситуација која до пред 5-6 години беше апсурдна – поседување на два или повеќе компјутери. И како по правило, старата конфигурација или не може да си пронајде нов стопан, или не може да постигне добра цена. Нејзината дисекција и продавањето дел по дел е долготрајна работа, донирањето делови хуманитарна ;-)…и во обата случаја резултира со тоа на парите да не може да им се види "аир". Секако, не ниту ако ја користите како столче при пиење кафе на балкон, или ако фаќа прашина под кревет.
Чаре? Пренаменете ја во нешто корисно. На пример, во NAS уред.
За NAS (Network Attached Storage) уредите веќе пишувавме во неколку наврати. Кусо потсетување – тоа се компактни уреди кои имаат сопствена типска хардверска платформа, опција за мрежно поврзување и со кои може да се управува преку WEB прегледувач.
Постојат наменски апликации кои овозможуваат старата конфигурација да се однесува како стандарден NAS уред. Некои се комерцијални (на пример, NanoNAS на Server Element), но има и бесплатни. Една од тие е FreeNAS, која сега ќе ја разгледаме.
FreeNAS се состои од FreeBSD оперативниот систем на кој му е придодадена веб функционалност за управување со него. Наменет е за домашно и канцелариско користење, а графичкиот интерфејс овозможува лесно користење и без никакво предзнаење од UNIX/BSD оперативниот систем.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.