Рубрика: Астрономија и астронаутика
Тест: Телескоп Celestron FirstScope
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Телескопот Celestron Firstscope е наменет за почетниците кои сакаат да ги стекнат своите први практични искуства со астрономијата. Со него можете да ги видите прстените на Сатурн, кратерите на Месечината, облаците на Јупитер и многу други интересни објекти на небото. Можно е да се набљудуваат и овоземските објекти, но на малку невообичаен начин, а како - ќе прочитате во овој тест.

Американската фирма Celestron е најпознатото име на светот, заедно со Meade, кога станува збор за квалитетни телескопи наменети, пред сè, за сериозните астрономи-аматери. Овие две фирми се особено познати по своите шмит-касегрен телескопи (подетално за телескопите видете во серијалот "Телескопи" во ЕМИТЕР 11/2003, 1/2004, 2/2004, 6/2004 и 7-8/2004) кои дефинитивно се најдобрите на оваа планета за таа цена.
Неодамна, Celestron го промовираше својот најевтин телескоп, специјално наменет за почетниците, наречен со многу соодветно име: FirstScope. Тоа е мал њутнов телескоп со азимутална добсон монтажа, со сферно огледало чиј дијаметар е 76 mm (3 инчи) и фокусно растојание приближно еднакво на 300 mm, а тоа се означува како објектив со бленда f/4, односно има толкава светлосна моќ.

Клучни зборови:

Идеален за астрономи-аматери кои зачекоруваат во светот на ноќното небо.

Комплетот со додатоци за FirstScope кој се набавува одделно.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.