Емитер 10/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Старата добра хартија, медиумот за споделување на информации кој е најстар од сите, во денешното време се соочува со предизвик, електронските читачи на книги, кои се многу подобри од страна на неколку апекти. Новото време бара нови иновации и нови медиуми за пренос на податоците во најразлична форма, од весници до книги. Електронските читачи се дизајнирани баш за таа намена...
Од почетоците на дигиталниот век, луѓето пишувале електронски книги кои првично биле од стручен карактер и наменети за одредена група на луѓе, т.е. компјутерските техничари. Е-книгите претставуваат медиум за пренос на информации кој е направен во дигитална форма и може да се обработува и прегледува на дигитален уред, т.е. персонален компјутер. Наједноставно кажано, електронските книги претставуваат фајл на вашиот компјутер кој содржи некоја пишана литература што може да се чита и да се разгледува исто како и книга печатена на хартија.
Електронските читачи или популарно наречени е-читачи претставуваат хардверски уреди кои во себе имаат можност за приказ и прелистување на е-книги. Е-читачите се специјализиран хардвер и се наменети за специфична работа, поради ова тие најчесто изгледаат како лист хартија, со монохроматски екран (кој најчесто е чувствителен на допир), неколку контроли и без никакви други додатоци. Производителите на поновите модели на е-читачи често вградуваат и можност за интернет поврзување преку бежична локална мрежа, како и вграден речник на зборови.
Поради специјализираниот хардвер чија намена е точно одредена, е-читачите најчесто имаат многу мала тежина, голем екран за прегледување на дигиталните содржини, добро заднинско осветлување како и голем работен век на батеријата. Лошата страна на овие уреди е нивната висока цена, како и достапноста на истите.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.