Рубрика: Електроника
Стерео тон-контрола со LM833
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За да обезбедиме добра аудиорепродукција на различни звучни нивоа, нам ќе ни биде потребно соодветно дизајнирано електронско коло. Ваквото коло со регулација на бојата на тонот ќе ни биде потребно, бидејќи чувствителноста на човечкото уво се менува на нелинеарен начин низ целото чујно фреквенциско подрачје. Електронското коло дизајнирано и изработено во овој проект ќе ги задоволи претходните барања. Тоа се поврзува (приклучува) во предзасилувачкиот степен, т.е. на влезот од аудиозасилувачот.

За обезбедување на добра аудиорепродукција на различни слушни нивоа ќе ни биде потребна одредена регулација или нагодување на тонот за добро чувство и приспособување кон човечкото уво. Во пракса чувствителноста на човечкото уво се менува на нелинеарен начин низ целото чујно фреквенциско подрачје. За повеќе сознанија околу оваа проблематика можете да прочитате во научните трудови изработени и понудени од американските научници Флечер и Мансон (Fletcher - Munson). Поедноставен приод кон овој проблем може да се направи со дизајнирање на соодветно електронско коло кое ќе го поставиме во предзасилувачкиот степен во аудиосистемот, кое ќе има можност да го менува фреквенцискиот одѕив во целиот аудиоопсег со помош на контролни копчиња, сè со цел за приближно зачувување на идеалните звучни услови за различни звучни нивоа. Кажав приближни услови, бидејќи човечкото уво не е толку критично, така што со едноставно електронско коло, како што е нашево дизајнирано и изработено во овој проект, може да обезбеди многу добри перформанси и услови кои ќе ги задоволат потребите и барањата и на попребирливите консументи во аудиосветот! Сакам да наведам дека одреден број на аудиофили (подобро речено - аудиослушачи) не користат никаква тон контрола на влезот од својот аудиозасилувач и се убедени дека така "треба"?! Но, јас не се согласувам со таа констатација, бидејќи како што наведов на самиот почеток од овој проект, чувствителноста на човечкото уво не се одвива на линеарен начин. Во дадениов случај на одредено звучно ниво (од околу 90dB) фреквенциите од 20Hz до 20kHz ќе бидат со приближен интензитет, додека на други (пониски) звучни нивоа разликата повеќе ќе се зголеми. Тоа сето значи, аудиофреквенциите (тоновите) на 50Hz и 15kHz многу помалку ќе ги слушате од тоновите со фреквенции од 1…2kHz. Поради тие причини ви препорачувам да ја изработите оваа "Тон-контрола". По изработката можете да направите експеримент како ќе "звучи" вашиот аудиозасилувач со оваа тон контрола и без неа!? Со тоа ќе имате можност да се убедите со претходно кажаното. Оваа "тон-бленда" можете да ја користите на влезот во сите објавени аудиозасилувачи во ЕМИТЕР, а се разбира, и во сите аудиозасилувачи што ќе бидат објавени подоцна!

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1029
ИК: LM833 (NE5532 или слично);
Потенциометри: 2x50k/lin, 2x25k/lin
 

Стерео тон-контрола со LM833 во изведба на нашиот читател Јован Шикалоски од Охрид

Стерео тон-контрола со LM833 во изведба на нашиот читател Јован Шикалоски од Охрид

Стерео тон контролата во изведба на Трајчески Сашо од Охрид

Стерео тон контролата во изведба на Трајчески Сашо од Охрид

Стерео тон контролата во изведба на Трајчески Сашо од Охрид

Стерео тон контролата во изведба на Трајчески Сашо од Охрид

Стерео тон контролата монтирана во засилувач во изведба на Трајчески Сашо од Охрид

Стерео тон контролата монтирана во засилувач во изведба на Трајчески Сашо од Охрид

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.