Рубрика: Физика
Теоријата за струните конечно во оптек
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


"Родена" во 1970 год. Теоријата за струните ветуваше обединување на двете најголеми парцијални теории на науката од 20 век: релативитетот и квантната теорија. Но, цели 40 год. потоа, научниците безуспешно се обидувале да ја тестираат нејзината валидност. Конечно во последно време среќата им се насмевна, но во едно сосема друго подрачје: во подрачјето на електрична суперспроводливост.

Теоријата за струните е веројатно најамбициозен теоретски проект некогаш замислен од страна на физичарите. Имено, таа претендира да ги унифицира двете главни, но меѓусебно некомпатибилни теории, кои ја опишуваат природата на светот: "Теоријата за општиот релативитет", која ја објаснува макроструктурата на светот (галаксиите) и "Квантната механика", која ја објаснува микроструктурата на светот (атомите). Нејзините софистицирани математички равенки овозможуваат поврзување на сите честички и на сите сили, кои постојат во универзумот, во еден заеднички скелет. Како? Гледајќи во екстремно мал размер, далеку помал од големината на атомот, Теоријата за струните предвидува дека сета материја и сите сили всушност, се, вибрации на речиси бесконечно мали енергетски струни, 1025 пати помали од димензиите на атомот. Тие вибрираат во 10-димензионален просторно-временски континуум, при што секој тип на честички, односно сили, кореспондира со вибрациите на некоја одредена фреквенција на некоја од струните.
Но, секоја теорија во науката мора и да се докаже со некоја тест-метода, но по 40-годишните јалови обиди за тестирање на таа теорија некои научници започнале да гледаат на неа како на неплодна научна фантазија, која не може да се тестира. Други, пак, неа и натаму ја сметаат како главен кандидат за "Теорија за сè", па продолжуваат да манипулираат со нејзините математички равенки. Расправата помеѓу овие две групации стана жестока во смисла дали Теоријата за струните е "слепа улица", или таа е корисна за физиката? Така било до сега, но во последно време конечно стаса афирмацијата на Теоријата за струните, меѓутоа во сосема друга област од првобитно замислената: таа стаса во областа на електрична суперспроводивост.

Клучни зборови:

"Мајснеровиот ефект" - чудно својство на суперпроводниците за кое класичната физика нема објаснение,

Микроскопска структура на купратите кои имаат својство на суперпроводливост на температура над апсолутната нула

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.