Рубрика: Медицина
Поместувањето на сметањето на времето е стресно
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Поместувањето на сметањето на времето создава огромна количина на стрес, па така луѓето не само што се чувствуваат збунети, туку се чувствуваат и лошо и непријатно, со многу здравствени проблеми, како последица на пореметената синхронизација меѓу интерниот биолошки часовник и оној надворешниот.

Според податоците на Светската здравствена организација, во периодот кога се поместува сметањето на времето, луѓето се најосетливи и најподложни на депресија. Тогаш се најизразени и нарушувањата во спиењето, а се зголемува и бројот на пациенти со покачен крвен притисок, па дури и инфаркти и изливи. Една од причините поради која луѓето стресно ја доживуваат промената на сметањето на времето е фактот што најчесто не им е јасно зошто воопшто се менува и како дошло до тоа. Идејата за поместување на времето потекнува уште од почетокот на седумнаесеттиот век, а целта била штедење на енергија, но идејата била спроведена во практиката дури по три века, на почетокот на 20-от век.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.