Рубрика: Физика
Еднополен магнетизам
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Една особеност кај магнетизмот претставува предизвик за физичарите уште од почетокот на XX век: имено, тој постои исклучиво како биполарна појава составена од два различни пола, северен и јужен пол, без можност тие меѓу себе механички да се разделат. Но, во најново време физичарите, сепак, успеале да креираат еднополен магнетизам на ниво на елементарен магнетски полнеж.

Магнетизмот и електрицитетот се две слични физички појави, меѓутоа тие се разликуваат по тоа што електрицитетот постои во форма на две автономни, меѓусебно разделени "изданија", т.е. или како само негативен (на пр., електроните), или како само позитивен (на пр., протоните), додека магнетизмот постои секогаш во една неделива биполарна целина, составена од северен и јужен магнетски пол. Така, ако еден магнет во вид на стап го преполовуваме колку било пати точно на средина помеѓу јужниот и северниот пол, секогаш ќе добиваме по два нови биполарни магнети, секој од нив со северен и јужен пол. Па логички е да се запрашаме, дали магнетизмот е исклучиво биполарна појава?

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.