Рубрика: Информатика
Есенцијално потребен
Автор: Гоце Постоловски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Брз и ефикасен. Работи во заднина, се надградува сам, ве чува во секој момент, а вие тоа не го ни забележувате. Бесплатно го добивате и е секогаш спремен за акција. Не е премногу добро за да биде вистина. Едноставно вистина е – Microsoft Security Essential 2.

За почеток да видиме што бара еден обичен корисник на компјутер од заштитен софтвер. Прво, да биде бесплатен. Второ, ако е бесплатен не значи дека се согласува да биде каков било. Не, мора да биде и ефикасен. Бидејќи нема познавања од компјутерите, треба лесно да се инсталира. А да, поради тоа што компјутерот не му е главно средство за работа и не инвестира многу во хардверска надградба, тогаш идеалното заштитно решение не треба да троши ни ресурси.
Сега да видиме која компанија знае што најдобро му треба на еден обичен корисник. Онаа која веќе триесетина години произведува оперативни системи, која колку и да ја сакаме или мразиме мораме да ѝ признаеме дека го доближи компјутерот до обичниот корисник, која успеа да направи работна околина во која се снаоѓа секој – Microsoft.
Според ова, идеалното решение треба да биде произведено од овој производител. Па, штом е логично, тогаш да објавиме и дека е вистина. Се вика Microsoft Security Essential 2 и многумина ќе кажат дека претеравме со описот погоре, поточно со зборот "совршен", но што се однесува до барањата на обичниот корисник ова е вистина. Еве зошто.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.