Рубрика: Информатика
После 27 години Мајкрософт го гаси Internet Explorer
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 14.06.2022 - 17:30

Мајкрософт во голема мера го спроведува својот план за елиминирање на Internet Explorer, како што беше најавено минатата година, а крајниот датум е утре – 15 јуни. Компанијата објави пред повеќе од една година дека Explorer ќе биде отстранет од Windows 10, додека во неговата надградба – Windows 11 – тој не беше ни вклучен.

Internet Explorer првпат се појави во 1995 година, како дел од Windows 95. Во раните 2000-ти, овој прелистувач го држеше речиси целиот пазар, а во во 2003 година беше на својот врв со 95% удел на пазарот. Потоа дојдоа Firefox и Opera, кои самите почнаа да се борат за својот дел. Пресвртот дојде во 2009 година во време кога луѓето почнаа да очекуваат повеќе од нивните десктоп прелистувачи, а Мајкрософт не сакаше да додаде модерни функции. Тоа беше и годината кога Google го објави Chrome, што предизвика остар пад во користењето на Internet Explorer.

Chrome го имаше истиот пазарен удел како IE до 2012 година, кога го остави прелистувачот на Microsoft – но и сите други – во прашина. Во 2016 година, Мајкрософт престана да го развива IE на сметка на новиот прелистувач Edge. Бројот на корисници исто така е значително намален поради зголемената популарност на мобилните оперативни системи, Android и iOS, кои не поддржуваа Internet Explorer.

Explorer порано беше најкористениот интернет прелистувач, а врвот го достигна во 2003 година со 95% удел на пазарот. Неговата употреба е значително намалена со лансирањето на Firefox (2004), Google Chrome (2008) и зголемената популарност на мобилните оперативни системи, како што се Android и iOS, кои не поддржуваат Internet Explorer.

Клучни зборови: