Рубрика: Информатика
Инсталација на Linux Ubuntu 9.10
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За вредноста на Linux оперативните системи нема потреба многу да се дискутира. Се работи за слободен софтвер кој кај нас најчесто го користат ентузијастите и они кои сакаат да научат нешто повеќе. Понекогаш се среќавам со луѓе кои би сакале барем да го инсталираат овој оперативен систем и колку толку да се запознаат со неговите вредности. Но, многумина се откажуваат веќе при првиот чекор, односно при инсталацијата на Linux. Токму затоа во овој напис ќе се осврнам на целата постапка за инсталација на Linux Ubuntu 9.10 оперативниот систем.

Значи веднаш да расчистиме некои работи. Ако веќе имате инсталирано кој било од Windows оперативните системи: XP, Vista или Windows 7, тогаш можете слободно да инсталирате и Linux.
Ако си дозволам малку слобода на изразување, Linux "ја гледа" инсталацијата на Windows и овозможува избор за тоа кој систем ќе се стартува, нешто слично како кај два Windows оперативни системи. Обратната комбинација не важи затоа што Windows "не е способен" да ја види Linux инсталацијата. При самата инсталација на Linux, начинот на кој тој ги "гледа" партициите повторно не е ист со оној на Windows.
Затоа при користењето на овој туторијал, за оние кои досега немале никаква допирна точка со Linux, би им препорачал да користат компјутер кој нема инсталирано никаков оперативен систем, во спротивно сите настанати грешки си одат на ваша сметка. Се шегувам, нормално, но во секоја шега има и пола вистина. Внимавајте затоа што многу лесно можете комплетно да уништите некоја партиција и сите податоци на неа. Немојте потоа да кажете – така го разбрав туторијалот, најубаво вежбајте на "гол" систем.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина