Рубрика: Информатика
Unix / Linux команди за почетници (1)
Автор: Ива Зафировска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 206 - 7-8/2023.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Linux командната линија претставува тексту­ален интерфејс за вашиот компјутер. Честопати се нарекува и shell, terminal, console, prompt или со различни други имиња, може да изгледа дека е сложено и збуну­вачки за употреба. Сепак, можноста за копирање и залепување на команди (copy/paste) земени од некоја веб-локација, во комбинација со моќта и флексибилноста што ги нуди командната линија, значи дека нејзиното користење може да биде од суш­тинско значење кога се обидувате да сле­ди­те упатствата на Интернет.

Што ќе ви треба? – Компјутер со Ubuntu или некоја друга верзија на Linux.

За време на формативните години на компјутерската индустрија, еден од раните оперативни системи беше наречен Unix. Тој беше дизајниран да работи како мулти-кориснички систем на мејнфрејм компју­тери, при што корисниците се поврзуваат со него од далечина преку поединечни терминали. Овие терминали беа прилично основни според современите стандарди – само тастатура и екран, без моќ да се извршуваат програми локално. Наместо тоа, тие само ќе испратат сигнал за при­тис­кање на копчињата до серверот и ќе ги прикажат сите податоци што ги примиле на екранот. Немаше глушец, немаше фенси графика, ниту боја. Сè беше испратено како текст и примено како текст. Очиглед­но затоа, сите програми што работеа на главниот/ мејнфрејм компјутер мораа да дадат текст како излез и да го прифатат текстот како влез.

Во споредба со графиката, текстот е многу лесен на ресурси. Дури и на маши­ните од 1970-тите, кои работат со стотици терминали преку глацијално бавните мреж­ни врски (според денешните стандарди), корисниците сè уште можеа да кому­ници­раат со програмите брзо и ефикасно. Ко­ман­дите, исто така, беа мошне кратки со цел да се намали бројот на потребни при­тис­кања врз копчињата, со што уште пове­ќе се забрзуваше користењето на терми­нал­от од страна на луѓето. Оваа брзина и ефикасност е една од причините зошто овој текстуален интерфејс сè уште нашироко се користи и ден денес.

Кога корисниците беа најавени на Unix mainframe компјутерот преку терминал, тие сè уште мораа да се справуваат со зада­чи­те за управување со датотеките што сега може да ги извршувате со глувче и неколку прозорци. Независно од тоа дали креирале датотеки, ги преименувале, ги ставале во поддиректориуми или ги пре­мес­тувале на диск, корисниците во 70-тите мо­желе сè да направат користејќи го тексту­алниот интерфејс.

Секоја од овие задачи бараше извршува­­ње на специфична програма или ко­ман­да: една програма за менување на дирек­то­­ри­у­ми­­те (cd), друга за да ја наведе нив­ната содр­жина (ls), трета за датотеките да се преиме­нуваат или преместаат (mv) итн. Со цел да се координира извршувањето на секоја од овие програми, корисникот би се поврзал со една единствена мастер прог­рама која потоа може да се користи за стартување на која било од другите пот­програми.

Linux оперативниот систем е своевиден потомок на Unix. Основниот дел на Linux е ди­­зај­ниран да се однесува слично на Unix системот, така што повеќето од старите shells и другите програми засновани на текст работат сосема среќно на него. Тео­рет­ски ако приклучите некој од старите тер­минали од 1970-тите на некоја од сов­ре­мените Линукс машини, веројатно ќе можете да пристапите на командната shell конзола преку тој терминал, иако денес најчесто се користи софтверски терминал – истиот тек­с­ту­ален интерфејс сега е “вра­мен” во про­зорче заедно со графичките програми.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.