Досега пишуваваме за блокбастери, мега, гига, тера спекаткуларни проекти, филмови ем книги од областа на научната фантастика и тоа е дел од мојата лична поп-култура која ме обликувала. Но, морам да признаам дека недозовливо малку ми е количината на она што го сакам, со ниво кое ме зашеметува. Тогаш, кога нема што друго, а го почитуваш жанрот со религиска посветеност, секако дека ќе се впуштиш во оние, малку пониски спратови на продукција. Овде ќе говорам за филмови кои не биле никогаш во А продукција, па дури некои ни во Б, но мене ми оставиле силен впечаток, белег и дека од историска дистанца, за некои и повеќе од 50 години, навистина не ме оставаат рамнодушен. Без особен ред и поредок, по никаква хронологија, ретки скапоцени камења...