Емитер 206 - 7-8/2023.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
QRishing е форма на фишинг напад каде хакерите ги искористуваат QR-кодовите за да украдат приватни информации, да инсталираат малициозен софтвер на вашиот уред или да пренасочат лице на небезбедна веб-локација. Како функционираат овие напади и како можете да избегнете да станете жртва на QRishing напад?
QRishing ја користи тенденцијата на луѓето да скенираат QR кодови од љубопитност, досада или потреба. На пример, напаѓачот/ хакер може да остави летоци на автобуска станица или на маси во ресторани или кафулиња, за некое лице да го скенира QR-кодот со својот телефон, сметајќи дека се работи за реклама или мени. Оттаму па понатаму измамниците се потпираат на т.н. социјален инженеринг за да ги измамат жртвите да споделат чувствителни информации со нив.
Се разбира, не секој човек би скенирал случаен QR-код без поттик или натпис кој објаснува што да очекува кога ќе го скенира. Затоа, сајбер-криминалците често наоѓаат друг начин да ги заинтересираат луѓето. Како? Како ова...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.