Кризата со глобалното здравје внесе многу промени во начинот на којшто работиме. Одеднаш, речиси истовремено, огромен број луѓе почнаа да работат од дома, меѓу нив и ИТ-тимовите кои обезбедуваат поддршка. Веќе станува јасно дека повеќето од организациите никогаш нема да се вратат на истиот начин на работа како претходно. Па како да им се овозможи на луѓето да работат безбедно од секоја локација, на секој уред, додека имаат пристап до сите компаниски ресурси?
Кризата со глобалното здравје внесе промени на полето на безбедноста. Одеднаш, речиси истовремено, вработените од огромен број организации почнаа да работат од дома. А истото се случи и со ИТ-тимовите кои обезбедуваат поддршка за нив. Јасно е дека повеќето од организациите нема да се вратат на истиот начин на работа од канцеларија како претходно. И додека корисниците се повеќе дисперзирани од порано, истото важи и за ресурсите што тие ги користат: на сервери во канцеларијата; апликации во облак – како што се Office 365 или Salesforce; и приватни или јавни средини во облак како што се Amazon Web Services (AWS) или Microsoft Azure.
ИТ-тимовите добиваат задачи да го заштитат она што го нарекуваме Anywhere организација, во којашто луѓето работат безбедно од секоја локација, користејќи го секој уред и пристапуваат до ресурсите без разлика каде тие се наоѓаат.
Три чекори за заштита на организацијата Anywhere
Сигурно не би ја заклучиле предната врата од домот со шест брави, а задната да ја оставите отклучена и да сметате дека сте безбедни. Истото важи за кибер безбедноста. Мора да ги заштитите сите локации, уреди и ресурси.
Безбедно поврзување
Независно од тоа дали вработените се поврзуваат од канцеларија, од дома, од кај некој клиент или користат безжичен интернет во хотел што се наоѓа на другата страна од светот, таа конекција треба да е безбедна. VPN е потврден и безбеден пристап кој со години наназад им овозможува на корисниците да се поврзуваат безжично. Тој беше спасител на почетокот од пандемијата и на организациите им овозможи, за само неколку дена, да се прилагодат на работењето од дома.
Меѓутоа, многу организации сега забележуваат дека имаат потреба од многу повеќе од тоа што го нуди VPN. Zero Trust Network Access (ZTNA) е одлична алтернатива за безжичниот пристап до VPN. Тој им овозможува на корисниците полесен пристап до корпоративните ресурси од која било локација, додека истовремено ја зголемува безбедноста со постојана проверка на идентитетот на корисникот и на здравјето и компатибилноста на уредите.
Заштитете ги сите уреди
За денешната Anywhere организација, заштитата мора да функционира на секој уред или платформа што имаат потреба да ја користат вработените на декстоп компјутер, лаптоп, на мобилните уреди, со Windows, macOS, Linux, Android, Chrome booк и со iOS.
Најопасните кибер закани вклучуваат напади од луѓе, кои честопати злоупотребуваат законски алатки и процеси како што е PowerShell. Хакирањето во реално време им овозможува на напаѓачите да ги заобиколат производите и протоколите за безбедност со модифицирање на нивните тактики, техники и процедури.
За стопирање на тие напади кои ги вршат луѓе, потребни се луѓе кои ќе ги ловат. Треба да се имплементира EDR (Endpoint Detection and Response) решение кое ги содржи потребните алатки за ловење на заканите, преку истата конзола која се користи за менаџирање на крајното решение за заштита или да се доведат експерти преку сервис за менаџирана детекција и одговор.
Обезбедете ги сите ресурси
Кога станува збор за озбезбедување на организацијата Anywhere, од суштинско значење е да се заштитат податоците и работните задачи кои мора да ги користат луѓето, додека симултано ги обазбедуваат мрежите кои ги користат.
Можеби имате сервери на работа, користите апликации во облак или хостирате ресурси во приватни или јавни средини во облак како што се AWS, Azure или GCP. Најверојатно правите сè од наведеното. Каква и да е вашата ситуација, ви треба:
- Next-gen заштита за серверите во облак, во работната средина или за хибридна работна средина,
- моќна влезна заштита со Firewall кој ги обезбедува и облак базираните (cloud) и физичките работните средини (on premises).
Време е да правиме лимонада
Една стара поговорка вели: “Кога животот ќе ти даде лимони, направи лимонада“. Тоа е отприлика она што го прават корпорациите кога го прифаќаат трендот на организацијата Anywhere. Тоа е доказ дека работењето на далечина е ситуација во која имаат корист и компаниите и вработените во однос на поголема продуктивност и намалени оперативни трошоци.
Sophos може да ви помогне со сите три столба на безбедната работа на далечина – безбедна конекција, заштитени уреди и безбедни ресурси.
Освен тоа, можеме да го олесниме и животот за ИТ тимовите. Целосната заштита на Sophos може да се менаџира преку платформата Sophos Central. Всушност, корисниците кои користат безбедносен систем на Sophos забележуваат 50% помалку работа за ИТ-тимовите.
Решенијата на Sophos се достапни во http://www.kabtel.mk, Gold Partner на Sophos. Побарајте интегрирано решение за вашата компанија веднаш на 02/3103-230, info@kabtel.mk.
--- комерцијален напис ---