Рубрика: Енергетика
Евтина батерија со четирипати поголем капацитет од литиум јонската
Автори: Димац Митковски, Розалина Митковска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 206 - 7-8/2023.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сончевата и ветерната енергија станаа драматично поевтини во последните неколку децении. Сепак, овие извори сè уште зависат од условите на околината – без ветер, турби­ните не можат да се вртат, а ако сонцето не сјае, соларните панели не можат да соберат енергија. Транзицијата кон “чиста” електрична мрежа може да се забрза само со склади­рање на вишокот енергија во батерии и потоа да ја прерас­пре­делуваме кога сонцето и ветерот не соодветс­тву­ваат со побарувачката. Тоа ги прави овие извори помалку конзистентни од фосилните горива. Со развојот на оп­штест­вото и исцрпу­вањето на природните ресурси, луѓето мора да почнат да користат обновливи извори на енергија и да развијат уреди за складирање енергија со ниска цена и висо­ка ефикас­ност, како што се секундарните батерии.

Идеалните карактеристики на извед­бата на уредите за скла­дирање енергија се висока густина на енергија, висока густина на моќност, долг животен век, ниска цена и висока безбедност. Меѓу постојните се­кун­дарни батерии, литиум-јонските батерии се индустријализирани. Многу од поновите постројки за обновлива енергија се комби­нираат со големи постројки на литиум-јонски батерии. Сепак, нивната висока цена, штетниот процес на ископу­вање на литиумот којшто мошне негативно влијае врз животната средина, ниската практична енергетска густина (100–200 Wh/kg) и сла­бите безбедносни перформанси ја ограни­чу­ваат нивната при­мена. За да се задо­волат потребите за складирање енергија на сегашното општество, неопходно е да се дизајнираат и развијат други батерии со пониска цена, подолг век на циклус и пого­лема густина на енергија и густина на моќност. Затоа, особено е важно да се најдат алтернативни метали за замена на литиумот.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.