Емитер 206 - 7-8/2023.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Симптомите се јасни – промената на звукот на машината за перење укажува дека најверојатно има проблем со тркалачките лежишта од барабанот. Промената не е нималку лесна, но колку побрзо се изврши замената, толку подобри се прогнозите за остаточниот век на машината. Па, да засукаме ракави и да се фатиме со работа...
Промената на тркалачките лежишта во машина за перење на алишта претставува веројатно најтешка сервисна операција кај апаратите за домаќинство. Имено, за да се дојде до лежиштата потребно е да се демонтирацелата машина . За разлика од нив, на пример, греачот лесно се демонтира, само треба да се отстрани задниот капак од машината.
Уште при првата промена на звукот на машината, која звучеше како фино гребење, ми стана јасно дека машината најверојатно има проблем со тркалачките лежишта од барабанот. Радијалниот зјај од 1-2 mm што се појави при поткревање на барабанот дефинитивно ја потврди дијагнозата, што бараше итно лекување – замена на тркалачките лежишта и семерингот.
Колку побрзо се изврши замената, толку подобри се прогнозите за остаточниот век на машината. Никако не смее да се дозволи машината да прозвучи како хеликоптер или не дај Боже барабанот да испадне во казанот. Тоа може да предизвика тешко оштетување на ракавецот од вратилото на барабанот, да го искриви самиот барабан, да го оштети електромоторот, па дури и електрониката на машината. Вратилото (оската) преку носач (таканаречен „пајак”) е поврзана за барабанот. Самото вратило се потпира на две лежишта, а погон добива на другиот крај, преку ременица. Странично нема други лежишта, казанот виси на две пружини и се потпира на два амортизери.
Бидејќи во нашата куќа никогаш нема влезено мајстор, се подразбираше дека поправката ќе ја извршам самиот. Впрочем ние радиоаматерите често сакаме да отвораме разни уреди за да се запознаеме со нив, а ако некаква компонента не се поправа, често ја кршиме за да видиме што има внатре. Тоа значи дека поправката ќе биде еден вид работа што долго време сме ја барале и најпосле сме ја нашле.
Машината немаше да пропадне после 2-3 перења од почетното оштетување, така што имавме време да ги испереме насобраните алишта, за да имам доволно време и без брзање да пристапам кон поправката.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.