Емитер 2/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во машинските постројки редовно се користат тркалачки и лизгачки лежишта за намалување на отпорите на праволиниско движење или тркалање. Во овој текст ќе опишеме едно сосема ново поглавје во влежиштувањето на ротирачки елементи во машинските постројки. Тука ќе го објасниме принципот на работа на магнетните лежишта (лагери), главните составни делови, како и предностите кои се добиваат со примена на овој тип лежишта.
Карактеристика која е заедничка за секој тип на лежиште е бројот на предвидени работни часови, односно колкав ќе биде животниот век на лежиштето. Овој работен век директно зависи од условите на експлоатација, т.е. дејство на високи температури, ротација со големи брзини, коефициентот на триење, присуството на пепел, вода и други нечистотии во лежиштето и др. Неминовно, за да се зголеми животниот век на лежиштето потребно е да се намали фрикцијата, односно да се намали триењето кое го аби лежиштето, а воедно да се смали влијанието од присуството на штетни материи во лежиштето. Единствениот начин за намалување на фрикцијата во лежиштето е лебдење на делот кој ротира во воздух, а сето тоа е овозможено со магнетните лежишта.
Од самото име на лежиштето може да се насети принципот на работа на ова лежиште, т.е. потпирање на делот кој ротира со помош на променливо електромагнетно поле од електромагнет.
Сето тоа изледа и звучи едноставно, сè додека не се постават барањата кои треба да обезбедат стабилно потпирање, без варијации на зјајот кој постои во лежиштето и барањето за што помали вибрации. Главните составни делови на едно магнетно лежиште се: статор на магнетното лежиште, или магнетен актуатор, ротор кој претставува метална навлака на вратилото што ротира, сензори, контролер, извор за напојување со насочувач за напојување на намотките на статорот. Принципот на работа на магнетните лежишта е речиси идентичен како и кај електромоторот, со таа разлика што електромоторот генерира електромагнетна сила за да предизвика вртежен момент, а лежиштето генерира електромагнетно поле кое предизвикува сила за лебдење на делот кој ротира.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.