Емитер 206 - 7-8/2023.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој напис за сите љубители на радиотехниката ќе понудиме едно поинакво решение на радиопредавател за самоградба, кој многу пати бил изработуван од страна на вљубениците во ваков тип на уреди. Исто така ова решение доста често се користело и во комерцијалните радиостаници ширум светот. Овој предавател работи во подрачјето на ултракратки бранови со фреквенција од 88 до 108MHz со чекор од 100kHz. Овој предавател има рамна фреквенциска карактеристика во широк опсег на аудио фреквенции, обезбедува RF-моќност од 1W и подрачје на покривање од околу 1,5 km, а со добра антена, и поволна локација, дометот може значително да се зголеми.
Многу пати на страниците на ова списание беа обработувани различни видови на ФМ радиопредаватели од минијатурни до некои со поголема моќност. Во овој напис ќе ви претставиме едно поинакво решение на радиопредавател со PLL кој бил користен од страна на радиостаниците, давајќи висок квалитет во радиодоемитувањето со соодветна фреквенциска стабилност на излезниот РФ-сигнал. Овој предавател бил познат под името Вероника, а за првпат се појавил на пазарот во 1996, и до ден денес ја достигнал својата 11 верзија. Овој предавател влубениците во радиотехниката најчесто можеле да го набават како кит комплет, без некое посебно објаснување за неговото функционирање. Во оригиналната шема и плочка имаше неколку грешки. Сега сите тие се отстранети и дизајнирана е нова плочка, што заедно со деталното упатство за градба и нагодување кое ви го нудиме во овој напис, гарантира лесна и успешна изработка.
Предавателот работи со фреквенциска модулација на браново подрачје со која било фреквенција од 87,5 до 108MHz програмирана од страна на корисникот со чекор од 100kHz. Овој предавател го користи системот на фазно заклучена јамка (PLL – Phase Locked Loop) реализиран со дигитални интегрирани кола од TTL и CMOS фамилијата на интегрирани кола. Излезната РФ моќност на предавателот изнесува 1W.
Фреквенциски опсег:
87,MHz-108MHz со чекор од 100kHz
Стабилност на фреквенцијата:
±1kHz максимално, а типична вредност ±500Hz
Излезна РФ моќност:
1000mW на 50&! оптоварување
Излезен РФ приклучок: SO239
Потиснување на хармониците:
-40dB во однос на носителот
Осетливост на влезниот аудио сигнал:
0,775V за девијација на фреквенцијата од ±75kHz
Амплитудно-фреквенциска карактеристика:
рамна од 20Hz до 76kHz
Преемфазис: 50µs,
доколку влезниот сигнал се добива од стерео кодер не е потребен преемфазис
Однос сигнал/шум (SNR): >75dBu
Аудио изобличување: <0,2% THD.
Влезен аудио приклучок:
аудио или RCA небалансиран приклучок или конектор за монтажа на ППК
Напојување: 13,8V стабилен еднонасочен напон
ИК: 74HCT74AN, 74LS193, 74LS76, 74LS86, HEF4060 (или HCF4060), 7805
Транзистори: BC558 (или сличен PNP транзистор), BF494, BC548 (или сличен NPN транзистор)
Варикап диода: BB204
Кристал: 6,4MHz
Подножја: DIL14 x 2 и DIL 16 x 5
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.