Емитер 206 - 7-8/2023.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Енергијата е важен ресурс за техничкиот и економскиот развој на современиот свет и е вклучена во сите аспекти на друштвениот живот. Затоа рационалното раководење со енергијата е една од клучните предуслови за развојот на секое опшество. Задоволувањето на се поголемите енергетски потреби во иднина, со морален однос кон околината, располагање со природните ресурси со цел за економски развој, бара изградба на нови енергетски постројки со се построги барања за раководење со енергијата, рационализација на инвестициските вложувања и заштита на околината.

Наглиот пораст на цената на горивото предизвикал потреба за развивање на енергетската технологија и зголемување на ефикасноста на постројките за производство на електрична енергија. Истовремено, зголемената еколошка свест, како и сознанијата за се посиромашните извори на енергија, барале се поголемо внимание за зачувување на околината и преостанатите ресурси, како резултат на тоа, когенерациските постројки се покажуваат како поефикасни и поконкурентни производители на електрична енергија и топлинска енергија, за разлика од класичните производители на енергија меѓу кои се и термоелектраните. Проблемот кај овие постројки се губитоците кои се јавуваат и кои се неизбежни. Главна цел кај овие системи е да тие губитоци се намалат и со самото тоа да се зголеми степенот на искористување на процесот и на целата постројка воопшто.
Според видот на погонот (постројките кои во енергетската трансформација прва ја претвора било кој облик на енергија во механичка енергија) се делат на:
• Гасна –турбинска постројка
• Парна –турбинска постројка
• Комбинирана постројка
Сите три типа на постројки имаат релативно мал коеициент на искористеност на енергијата
Заради зголемување на искористеноста на енергијата во постројките кои произведуваат електрична енергија, развиени се когенерациските постројки. Комбинираните и когенерациските системи едни се од начините за максимално искористување на примарната енергија. Нивната предност е во високиот степен на искористување, како и еколошката и економската прифатливост на нивната употреба.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.