Рубрика: Електроника
Гитарски засилувач со TDA2030
Автор: Гоце Ристоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 206 - 7-8/2023.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Појавата на TDA2030, со неговите добри перформанси и мали димензии, во многу ја олесни изработката на аудиозасилувачите. Конструкцијата на овој гитарски засилувач е симната од веќепостоечко гитарско комбо со TDA2030 во излез, а едноставната изведба беше само дополнителна мотивација за реализација на проектот.

Со појавата на популарното интегри­рано коло TDA2030 многу се олесни из­град­бата на аудиозасилувачите, бидеќи тоа се одликува со добри перформанси, мали димензии и користи релативно мал број на надворешни компоненти, притоа создавајќи задоволителна јачина на звукот. Сосема ги задоволува потребите на аудиофилите, а се среќава и во голем број гитарски засилу­вачи. Поголема моќност може да се добие ако две вакви интегрирани кола се врзат во мостна врска или, пак, ако на излезот од колото се додадат пар моќни  тран­зистори. Сепак, самото коло е доволно за озвучување на помали простории, кафу­лиња, при роденденски забави и сл. Овој засилувач, идеален е за музичари-почет­ници, за вежбање со гитара или електрон­ско пијано.

Главни елементи и материјали:

ИК: TDA2030
Тиристори: BC549B, BC548B

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.