Емитер 206 - 7-8/2023.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Оваа тема е недоволно разработена во стручната литература од оваа сфера, а во македонската стручна литература јас досега воопшто немам сретнато текст или есеј на оваа тема. Токму тој факт ми беше предизвик да фрлам малку светло на ова мошне интересно прашање и, во својата суштина, енциклопедиски преглед на темата. Разработката на темата е мошне незгодна од повеќе причини, како брзиот развој на техниката и технологијата на моторите СВС, промените во експлоатационите параметри на машните, промените во производствените технологии итн. Но, сепак, постојат некои константи во параметрите и на моторите СВС и на машините и технологиите каде овие мотори се користат и токму тој факт ќе ја овозможи реализацијата на овој стручен труд, кој се надевам дека ќе наиде на добар прием кај читателите на ЕМИТЕР.
Еден од најголемите изуми во историјата на човештвото се моторите СВС. Конечно, движењето на населението ширум светот (во денешно време) е обезбедено на најлесен можен начин. А знаејќи дека движењето е слобода, бизнис, економија, производство, ... лесно се доаѓа до заклучок дека супериорноста на нацијата во прв ред е детерминирана од спoсобноста на движењето, т.е. циркулацијата на материјалните добра. Едноставно: движењето е опстанок. Моторите СВС се најзаслужни за остварување на овој вековен сон на човештвото на ниво на секојдневие.
Но, движење имаме секаде: во секојдневниот живот за обавување на секојдневните потреби, во транспортот (сувоземен, бродски, воздушен), во спортот итн. Облиците и намените на превозните средства се од најширок можен спектар. За сето тоа да се придвижи потребни се, во најголем дел, моторите СВС. Затоа биле развиени повеќе типови и конструкции, најчесто суштински различни мотори СВС, за на најекономичен можен начин да ги задоволат потребите за задвижување на превозните средства. Токму тоа ќе е и темата на овој напис: во кои услови и каде се применуваат соодветните мотори СВС за задвижување на превозните средства и, воопшто, машинските конструкции, како природно се групирани и искористени погоните (на возилата) во општ случај.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.