Емитер 4/2002.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Common-rail технологијата направи вистинска револуција во поимањето за дизел-моторите. Како една од современите технологии за менаџмент на дизел-моторите заслужен е за елиминирање на недостатоците на класичните дизел-мотори, така што дискутабилно е прашањето за супериорноста на бензиските мотори за лесните патнички возила. Што е Common-rail, кои се неговите основни делови, како функционира…?
Додека кај тешките моторни возила дизел-моторите се, без дискусија, засега, незаменлив погонски агрегат, кај автомобилите до пред неколку години, со право, бевме во дилема дали да се купи возило со бензиски или со дизел-мотор. Сè уште ни се свежи сеќавањата на аргументите на нашите пријатели за и против дизел-моторите. Денеска работите радикално се променија. На што се должи тоа? Одговорот лежи во фактот што дизел-моторите си ги задржаа предностите што ги имаа во однос на бензиските мотори, а драстично се отстранети недостатоците, благодарение на, пред сè, common-rail системот за директно вбризгување, како најзначаен претставник на новиот менаџмент. Првиот common-rail систем е на прочуената германска фирма “BOSCH” која, патем речено, го прави менаџментот за повеќето европски и јапонски возила.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.