Најновата, деветта по ред, генерација на Toyota Corolla е носител на титулата "автомобил на годината" во Македонија. Таа нема ниту малку лесна задача. Конкурентите се познати: Peugeot 307 (автомобил на годината во Европа), речиси истовремено претставениот Fiat Stilo и веќе етаблираните Fokus, Golf, Astra, Leon, Megane и Xsara. Ако кон овие се надоврзат и сонародниците Mazda 323, Nissan Almera и новата Honda Civic (автомобил на годината во Јапонија), друштвото станува комплетно.