Рубрика: Аудио и видеотехника
Операциона сала: Подобрување на звучниците MISSION 753 Freedom
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 206 - 7-8/2023.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во оваа рубрика анализирам и подобрувам постари модели звучници што биле популарни на овие простори. Се надевам дека од досегашните мои „операциони зафати” на ваквите звучници научивте дека дури и познатите светски брендови често не сакаат (или не знаат) да направат добар звучник во зададената рамка на буџетот. Со сосема мали модификации на оригиналните фабрички свртници успеав да добијам многу подобри резултати. Овојпат на операционата маса се најдоа англиските звучници Mission 753 Freedom.

Британската компанија Mission е формирана на 7.7.1977 и долги години натаму нивните модели на звучници носеа ознаки што започнуваа со „среќниот” број 7, па така и претходникот на звучникот што ќе го „оперираме” сега, Mission 753 за првпат се појави на пазарот во 1992 година. Веќе следната 1993 година Mission 753 ја доби наградата за најдобар звучник на годината од страна на EISA (европ­ска асоцијација на хај-фај списанија), а британското списа­ние What Hi-Fi го вброи во листата на 30 најдоб­ри бри­тански звучници низ историјата. Но набргу започнаа поп­лаки­те од корисниците дека високотонецот е преистакнат и преостар, а и пречесто прегорувал, па во 1996 година компанијата Mission го промовира моделот 753 Freedom, идентичен на стариот модел, но со подобар високотонец и со нешто малку поинаква свртница. Со оглед на блес­кавите оценки и на то­гаш­ната не баш ниска цена (кори­гирано со инфлацијата, денес би чинел 2000 евра), би се очекувало дека тоа би требало да биде феноменално добар звучник. Арно ама...

Клучни зборови:
АФК на Mission 753 Freedom - најгорниот график.

АФК на Mission 753 Freedom - најгорниот график.Графикот лево е АФК на нискотонците, во средината е прикажано АФК на среднотонците и десно АФК на високотонециот, сите моделирани од соодветните филтри на свртницата

АФК на модифицираната кутија и свртница за Mission 753 Freedom

АФК на модифицираната кутија и свртница за Mission 753 Freedom - најгорниот график. Графикот во средината е АФК на среднотонците, со модифицираниот филтер

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.