Емитер 204 - 4/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ова е последното продолжение од серијалот за модификации и подобрувања на некогаш славните југословенски звучници кои се продаваа заедно со исто така славниот рисивер HSR 140 (подоцна HSR 160). Досега модифицирав и подобрив три варијанти на овој звучник што имаа еден нискотонец од 30 cm (12 инчи). Во ова продолжение ќе ја модифицирам варијантата со два нискотонца од 20 cm (8 инчи) – подобрувањата се спектакуларни, со само мали промени во свртницата на звучникот.
Звучниците и рисиверот HSR 140 беа производ на српската фабрика Ei Niš (Elektronska industrija – Niš), вистински индустриски гигант во поранешната Југославија, кој некогаш вработуваше 28 000 луѓе и произведуваше клима-уреди, апарати за домаќинство, радија, телевизори, звучници, електронски цевки за аудио намена (селектираните примероци ги откупуваше германскиот Siemens и ги продаваше под свое име и лого!), медицински и рентген-апарати, и што уште не. Промената на општествениот систем и приватизацијата што следеше не £ донесоа среќа на фабриката Ei Niš (како и на многу други), па така последните изветвени остатоци од компанијата згаснаа во стечај во 2016 година.
Претпоследната генерација HSR звучници (ознака: HZK 12034) имаше два нискотонца од по 20 cm, а среднотонецот и високотонецот беа исти како во претходната генерација.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.