Рубрика: Информатика
Вештачка интелигенција – основи, развој и... што понатаму?
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 206 - 7-8/2023.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Изминатава година, па и нешто повеќе, развојот и напредокот во технологијата се во знакот на вештачката интелигенција. Иако многумина појавата на мноштво интелигентни агенти со комплексни јазични системи, ВИ модели што допреа во речиси секое поле од техниката, ги дочека неспремни и стаписани, секако дека напредокот не се случи одеднаш и преку ноќ. За подобро да ја разбереме и искористиме можноста на алатките и моделите со вештачка интелигенција, во овој напис ќе се запознаеме со нејзините основи – што таа претставува, кои се почетоците, развојот и каква иднина нè очекува.

Најнапред да разгледаме што точно значи поимот вештачка интелигенција. Ви­ки­педија дава солидна дефиниција: “Веш­тачка интелигенција (ВИ) е интелигенција претставена од машини и софтвер и е гран­ка од компјутерската наука која развива машини и софтвер со интелигенција.” Гене­рално ВИ се дефинира како проучување и дизајн на системи, интелигентни агенти, кои стекнуваат изграден “осет” за опкружу­вањето и можат со нови активности да ги максимизираат шансите за успешно извр­шување на одредени задачи.

Би сакала да можам како многумина апстрактно да го следам текот на идејата за создавањето на вештачка интелигенција во митовите и легендите до антиката и подлабоко во историјата. Извесни извори гледаат своевидни далечни предвесници на идејата за создавање на ВИ во древните митови, како оној за бронзениот колос Та­лос кој го чувал островот Крит, или во при­каз­ните за статуите во древен Египет што потајно биле придвижувани од свеш­тени­ците за да изгледаат самосвесни. Но, колку од ова би било точно? Ако се прашува авторот на овој текст, овие екстраполации се пре­многу апстрактни. Можеби тука мо­же да стане збор за некоја зачетна идеја за робот или вештачко создадено битие, нешто како сајлонците во Бетлстар Галак­тика, но веш­тачка интелигенција, хммм... Некоја дла­боко, длабоко скриена идеја несомнено тлее­ла и веќе може да се насе­ти во фи­лософските идеи од времето на раната ренесанса, или просветителството, но во интерес на просторот (и времето) во рам­ките на овој напис нашата приказна за по­четоците на ВИ ќе ја започнеме од многу поблиската ни историја – од минатиот век.

 

Луѓето почнаа да сонуваат ВИ андроиди

Во првата половина на 20 век научната фантастика го запозна светот со концептот на интелигентни роботи. На филмското платно ќе продефилираат ликови како ху­ма­ноидниот робот кој ја имитира Марија во “Метрополис” и Лимениот човек од “Вол­шебникот од Оз”. На овој начин до 1950-тите години, во умот на цела една гене­рација научници, математичари и фило­софи било посеано културолошкото семе на концептот за вештачка интелигенција. Еден од овие научници е и младиот бри­тански полимат Алан Тјуринг, кој ја истра­жува математичката можност за вештачка интелигенција.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.