Рубрика: Аудио и видеотехника
Култните студија на Abbey Road
Автор: Димац Митковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 206 - 7-8/2023.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Abbey Road Studios е едно од најпоз­натите студија за снимање во светот и глобална музичка икона. Меѓу најзабележителните клиенти на студиото биле Битлси, кои го користеле,  особено неговото Студио 2, како место за многу од иновативните техники за снимање што ги усвоиле во тек­от на 1960-тите. Тоа е место каде што ги снимиле повеќето од нивните песни. А култниот статус е само надграден откако еден од албумите на Битлси, поточно нивниот единаесетти по ред, беше наречен – Abbey Road. Па да разгледаме околу што сè се креваше и сè уште се крева прашина, односно зошто ова студио ги заслужува ловориките со кои го опсипуваат и воспеваат неговите среќни клиенти.

Основано е во ноември 1931 година од Gramophone Company, претходник на британ­ската музичка компанија EMI (Electric and Musical Industries), која ја поседувало додека Universal Music Group (UMG) не презела кон­трола врз дел од него во 2013 година. Во крајна линија е во сопственост на подруж­ницата на UMG, Virgin Records Limited.

Надворешниот изглед на фасадата по ништо не ја оддава големината и намената на зградата

Првично изградена во 1831 година, на патот што води кон опатија Килбурн, во стилот на џорџиска архитектура (стил име­ну­ван по британските монарси Џорџ 1 до Џорџ 4),  градската куќа имала девет спални соби. Згра­дата подоцна била прет­ворена во станови. Во 1929 година, прос­ториите ги добила компа­нијата Грамофон (Gramophone Company). Имотот ја имал по­волноста што зад градската куќа постоела голема градина, која овозможувала да се изгради многу по­голема зграда од задниот дел. Така, џор­џиската фасада останала да ја прикрива вистинската димензија на згра­дата.

Биле из­гра­дени три наменски студија и пос­тоеч­ката куќа била приспо­собена за употреба како административни канце­ларии. Пате (француска кинема­тографска ком­панија) го снимале отвора­њето на сту­ди­јата во ноември 1931 година кога Ед­вард Елгар (Edward Elgar) диригирал со Лондонскиот симфониски оркестар за сни­мањето на неговата музика. Во 1934 годи­на, изумителот на стерео звукот, Алан Блумлајн (Alan Blumlein), во студијата  ја снимил Моцартовата Јупитерова сим­фо­нија под диригентство на Томас Бичам (Thomas Beecham).

Отворањето на студијата

Gramophone Company се споила со Colum­bia Graphophone Company за да ја формираат Electric and Musical Industries (EMI) во 1931 година. Студијата подоцна станале познати како Студија за снимање ЕМИ (EMI Record­ing Studios). Во 1936 година, виолон­челист­от Пабло Казалс (Pablo Casals) станал први­от што ги снимил суитите за виолончело бр. 1 и 2 на Јохан Себастијан Бах во про­дук­ција на шефот на EMI, Фредерик Гајзберг (Frederick Gaisberg). Снимките поттикнале рево­луција меѓу љубителите на Бах и ви­олон­челистите. Исто така и Глен Милер (Glenn Miller) снимал во студијата на Abbey Road за време на војната.

Во 1958 година, Студио 2 на EMI станува центар за рокенрол музика кога Клиф Ричард (Cliff Richard) и Дрифтерс (Drifters, подоцна Клиф Ричард и Шедоус – The Shadows) таму го снимиле „Move It”, а подоцна и други музички поп материјали.

Некои од клиентите на Еби Роуд, од лево кон десно – Кејт Буш, Пинк Флојд, Ејми Вајнхаус...

и, се разбира, најпрепознатливите – Битлси, кои именуваа и  еден од нивните хит-албуми со име на студиото

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.